06 Декември, 2025
0.0346

Правила за парите на кои треба да ги научиме нашите деца

Објавено во: Финансии 30 Август, 2017 18:31

Добивај вести на Viber

На што е добро да ги научиме нашите деца кога станува збор за финансии?

1. Кога трошите, тие гледаат. Значи објаснете зошто правите одредени избори за време на пазар, за да покажете како донесувате решенија за тоа дали нешто вреди или не, советува во статија за The Guardian Клаудија Хемонд. Така ќе им стане јасно дека можеби не секогаш го купувате она што си сакате, и наместо тоа гледате што може да си дозволи.

2. Дајте им редовно џепарлак, наместо сами да си побараат. Така порано ќе научат да се усогласат со определен буџет. Постепено ќе може да ги поттикнувате да сфатат дека парите сами по себе не се вредност, вредност е она што избираш да направиш со нив.

3.Прифатете дека заштедите може да бидат тешки за децата. Тие имаат многу помалку развиен концепт за иднината и живеат далеку повеќе за момент отколку возрасните. Значи, вие ги поддржувате заштедите, но немојте да бидете изненадени ако тоа е тешко за некој.

4. Помогнете им со математика. Студија од САД покажува дека децата кои не се добри во математика, обично имаат повеќе тешкотии и со парите, додека оние кои биле добри во сметките, имаат поголема шанса да заштедат повеќе и да донираат повеќе за добротворни цели.

5.Објаснете им од каде доаѓаат парите. Во видео, комедиското дуо Flight of Conchords ги прашува децата од каде доаѓаат парите и одговорот што го добиваат е "Од банките". И откаде ги земаат банките за да им ги дадат на нив? "Од премиерот". И откаде ги набавил тој? "Од кралицата". А откаде ги добила таа? "Од банките".

Модерната економија има сложено движење, па затоа не е изненадување што децата, како и многумина од нас, не го разбираат. Добро познатите италијански психолози Ана Берти и Ана Бомби заклучуваат дека на возраст од 4-5 години деца имаат тенденција да мислат дека сите имаат пари што обично ги добиваат од банки или сопственици на продавници. Но, вреди да им објасниме некои од нивните тајни. Имаме банкомати кои читаат "Слободен кеш" и се чини дека можеме да добиеме колку што сакаме. Не е ни чудо што децата се збунети. Објаснете им зошто банката ви дава пари и како сте ги заработиле.

6. Како попораснат, размислете дали да не им кажете колку заработувате и ако сте успеале да издвоите нешто настрана, колку сте заштедиле. Ќе мора да се нагласи дека не сакате да ја искажувате оваа информација на лулашките, но се чини дека многу од младите влегуваат во професионалниот свет без каква и да е идеја колку заработуваат нивните родители. А треба да знаат за да проценат какви трошења и каков начин на живот може да си дозволат со различни приходи.

7. Постојат многу докази од Елизабет Денг од Универзитетот на Британска Колумбија, кои покажуваат дека трошењето на парите за искуства носи многу повеќе радост отколку трошењето за нешта. Може да обликувате таква идеја и за вашите деца, така што ќе им објасните дека наместо да се купи нов телевизор, размислувате дали нема да е позабавно да организирате едно незаборавно патување или викенд за целото ваше семејство.

8. Кажете им по нешто за семејниот буџет и што можете и не можете да си дозволите. Американскиот автор Нил Годфри оди дотаму да нуди данок од 15% врз џебот кој ќе оди во семеен фонд, и целото семејство да гласа како да биде потрошен за да има се покаже како функционираат даноците и демократијата. Може и да не одите дури дотаму, но може да започнете да им барате мислење за што вреди, а за што - не.

9. Додека децата растат, обидете се да нагласите дека во животот има многу други работи освен парите. Секоја една година по 1971-та истражувачи од САД ги прашувале новите студенти што ги мотивира за да го продолжат своето образование во колеџ. Со секоја наредна година се поголем дел од учениците го наведувале заработувањето на повеќе пари како главна причина.

Допрва треба да дознаеме дали денешните студенти едноставно се прагматични за реалностите на пазарот на трудот, отколку што беа претходните генерации, или пак кариера одлуки засноваат на парите, настојуваат за живот со работа која никогаш не им била интересна. Така или онака, доказите за среќата ни покажуваат дека парите не се сè.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката

Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави