05 Декември, 2025
0.0593

Правилото 10/10/10 или како да ја донесете најдобрата одлука?

Објавено во: Мои пари 19 Мај, 2013 10:09

Добивај вести на Viber

Една од најопасните работи кои ги правиме е брзото донесување на одлуки. Кога се навраќаме на минатото и доколку се сетиме на сите погрешни одлуки кои сме ги донеле ќе дојдеме до заклучок дека голем дел од одлуките сме ги донеле поттикнати од копнеж за нешто, алчност, гнев или неможност да се воздржиме и да почекаме. На долг рок генерално се каеме за ваквите одлуки. Веруваме дека животот би ни бил многу подобар на можеме да имаме “undo” копче кога се работи за одлуките. Но за жал тоа го има само на нашите тастатури.

Можеме да не бидеме робови на емоциите. Краткорочните емоции кои ги доживуваме кога треба да донесеме некоја одлука честопати може да не натераат да донесеме погрешна одлука. Мораме да научиме да ги контролираме. Како и за многу работи, така и за оваа народот уште во минатото нашол многу паметни изреки. И со една изрека се објаснува како може да ги контролираме нашите емоции....Утрото е подобро од ноќта. Кога ќе преспиеме можеби ќе одлучиме подобро. Секако, една ноќ секогаш може и да не е доволна, затоа треба да гледаме малку долгорочно. Сузи Велч, колумнист на Бизнисвик, магазинот на Блумберг, тоа го срочила во следново правило, го нарекла: 10/10/10 Еве зошто: Кога носите некоја одлука, размислувајте на следен начин: Како ќе се чувствувате 10 минути по носењето на вашата одлука? Како после 10 месеци? И за крај како после 10 години? Значи нешто за кое ќе бидете среќни после 10 минути, можеби ќе направи да се каете за 10 месеци и многу ќе ве чини после 10 години. Размислувајте по правилото 10/10/10 –  се согласуваме дека така ќе ја донесете подобрата одлука. Редакција Фактор

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј