18 Декември, 2025
0.2363

Правобранителството барало од Антикорупциска да ги суспендира обвинителите Бубевски и Ајро

Објавено во: Македонија 13 Мај, 2022 13:21

Добивај вести на Viber

Државното правобранителство побарало од Државната комисија за спречување на корупцијата да ги суспендира обвинителите од ОЈО Скопје Гаврил Бубевски и Артан Ајро затоа што порано како истражители на СЈО не го конфискувале имотот на „Трансмет". 

Но од Антикорупциска велат дека немаат таква надлежнот и оти забрана за привремено вршење на јавнообвинителска дејност согласно закон може да изрече јавниот обвинител.

Претходно, Државното правобранителство до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Бубевски и Ајро за кривични дела во предметот „Трансмет", фирмата сопственик на имот кој досега требаше да се продаде и државата тоа да го наплати.

- Државното правобранителство според пријавата имало сознанија дека во ОЈО Скопје се води постапка околу имотот на „Трансмет" и стечајот и затоа има сомневање на постоење на судир на интереси на обвинителите кои ги прибавувале сите предмети и стечајниот предмет. Оттука, Државното правобранителство смета дека постои опасност овие лица да ја доведат во опасност целата постапка која е отворена против нив и од ДКСК бара веднаш тие да бидат суспендирани од нивната положба до завршување на целокупната постапка, рече Владимир Георгиев, член на ДКСК, на денешната седница.

Тој додаде дека по вакви постапувања треба да се донесе стручна забрана доколку е вмешано лицето против кого се води постапка.

- Дополнително на ова во Законот за ЈО член 81 став 3 се вели дека одлука за оддалечување од вршење на јавнообвинителската функција донесува ЈО на РСМ со образложение за супензијата на јавнообвинителската функција. Основаноста на барањето за суспензија може да ја цени само ЈО на РСМ и да донесе отаква одлука. Сметаме дека ние како ДКСК немаме ингеренции за надлежно пстапување, истакна Георгиев.


Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми