Добивај вести на Viber
Со цел промоција на празот како здрав зеленчук, но и на на регионот како место со најквалитетен праз, во општина Василево се одржа манифестација „Празијада 2013“.
Производителите од оваа општина порачаа дека кај нив расте најквалитетниот праз, а поддршка добија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Според министерот Љупчо Димовски, македонското село и земјоделството се мношне значајни за иднината на земјата.
„Чувствувајќи ја важноста на руралните средини, односно на македонското село, со најголема сериозност и со издвојување финансиски средства ја конципиравме Програмата за рурален развој, за сочувување на малите населени места, за задржување и враќање на жителите во нив и за подобрување на условите за земјоделската дејност, како доминантна во овие средини. Како дел од таа програма, Министерството за земјоделство поттикнува одржување на вакви манифестации, истакна министерот Димовски кој додаде дека ваквите настани придонесуваат за развој на руралните средини , но и за туризмот во овие реони.
Годинава Празијадата се одржа селото Градашорци кое важи за најголем производител на праз во Македонија. Земјоделците притоа ги посети претседателот на Ѓорге Иванов, а домаќинките ги почестија гостите со 500 специјалитети од праз.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: