ПРАЗНИ РАФТОВИ, ЗАТВОРЕНИ МАРКЕТИ, ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ ВО ИЗОЛАЦИЈА: Ова им се случува откако ги укинаа ковид мерките
Објавено во: Свет, Корона Вирус 24 Јули, 2021 16:08
Во Aнглија по укинувањето на мерките, стотици илјади луѓе се во изолација, а маркетите се празни.
Рафтовите во повеќето супермаркети се целосно празни, откако голем број вработени и возачи за достава отидоа во самоизолација поради контакт со заразени луѓе. Многу продавници имаат недостиг на персонал, а некои синџири на супермаркети мораа да затворат повеќе свои маркети.
Податоците на Националната здравствена служба (НХС) открија рекордни 618.903 предупредувања испратени до корисниците на апликациите во Англија и Велс. НХС ги известува луѓето кои треба да одат во самоизолација со кратка нотификација преку мобилна апликација. И премиерот Борис Џонсон, мора да биде изолиран десет дена откако апликацијата за самоизолација го информирала дека бил во близок контакт со заразено лице.
Од четврток до недела, илјадници луѓе ќе дојдат на музичкиот фестивал Латитјуд во источна Англија, најголемиот собир откако Британија ги укина сите епидемиолошки мерки на почетокот на неделата. Во многу земји се вратија рестрикциите, но има и бунт од граѓаните кои не сакаат мерки.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата
„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?
„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите
Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро
Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат
Романија, Бугарија и Ирак се соочуваат со клучни одлуки за Лукоил и роковите на САД





