Свечено доделување на „Пегаз“ за 2025 година вечерва во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“
Објавено во: Мои пари 09 Декември, 2025 09:14
Свеченото доделување на наградата „Пегаз“ за 2025 година и промоцијата на победничкиот роман „Кривата Дијана“ од Фросина Пармаковска ќе се одржат вечерва (9 декември, вторник) во 19 часот во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“.
Кон наградата и победничкиот роман ќе се осврнат Иван Додовски (професор, писател, книжевен и театарски критичар) и Бисера Бендевска (уредничка во „Арс Ламина“), кои беа дел од жири-комисијата.
На седмиот конкурс за наградата „Пегаз“, што ја доделува издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, пристигнаа 45 ракописи. За победникот одлучуваше тричленото стручно жири во кое, покрај Додовски и Бендевска членуваше и професорката Соња Стојменска-Елзесер.
Во најтесниот избор беа разгледани и романите: „Пацер“ од Коста Бојчески, „Изгубени низ дупки во џебовите“ од Ники Борас и „Солдат 1882“ од Добре Тодоровски.
„Кривата Дијана“ (со поднаслов „Роман за верижната вина“) е проза на актуелниот момент, кој трае повеќе од три децении во мерливо време, а многу подолго кога се мери со кантарот на погрешните постапки на секој член на заедницата. Ова е четиво за колективната несреќа што ја перпетуира верижната вина на секој од нас кој премолчел, потклекнал и превидел кога требал да се испречи пред туѓите човекови слабости.
Како понорница што ги пробива тромбовите во темната земја, така нараторот нè носи низ мрачните предели на својата душа, додека лунѕајќи во ноќта се обидува да ù се скрие на тагата. И кога нерасчистеното минато по многу години ќе упадне во сегашноста, пред нас се отвора еден свет што не е сосем личен, туку е заеднички, како што е заедничка несреќата на ликовите на Достоевски, кој е неслучајно ехо во овој роман.
Романот „Кривата Дијана“ е достапен во поголемите книжарници и онлајн на www.literatura.mk.
ПР објава
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„Празници со 0% камата“ – „Мастеркард“ кредитна картичка од ПроКредит Банка
Во пресрет на празниците: Тинекс, Конто и Mastercard со заедничка празнична кампања
Новоотворениот комплекс Gold Felicia Тетово повторно со богата неделна
Халкбанк ја овозможи услугата Apple Pay за своите корисници
Заедно кон поздрави генерации: Баланс+ со поддршка на младите лекари
ПРАЗНИЧНА ВЛТ ЏЕКПОТ МАГИЈА: ВО СТРУМИЦА ОСВОЕН ПРВИОТ РОЈАЛ ЏЕКПОТ ВРЕДЕН 9.389.545 ДЕНАРИ
Еурофарм одбележува 25 години развој: Од една аптека до национален фармацевтски синџир со над 620 вработени
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот





