04 Мај, 2024
0.0248

Продолжен рокот за земјоделски субвецнии

Објавено во: Агробизнис 28 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Владата го прологнираше рокот за поднесување барања за земјоделски субвенции. Па така, наместо до 31 август, барањата за субвенциите ќе може да се поднесуваат до 20 септември, објави владиниот портпарол Александар Ѓеоргиев.

 Но, освен оваа мерка, на синоќешната владина седница било одлучено и дека земјоделците кои имаа поднесено апликации, но не ги добиле субвенциите за 2012 година, бидејќи немале платени водарина или пашарина , тие тие пари ќе ги добијат со програмата од оваа година, доколку ги платат заостанатите долгови кон државата.

„На околу 400 до 500 земјоделци ќе им биде овозможено субвенциите што не ги добиле во 2012 година, сепак да ги добијат од програмата во 2013 година, но секако ќе треба да ја платат сметката за водарина или пашарина поради која претходно биле спречени да ги добијат овие субвенции. Тие ќе треба да го поднесат барањето до платежната агенција најдоца до 31 октомври, за да може да се исплатат парите, а секако ќе може да аплицираат и за субвенции за 2013 годфина, изјави Александар Ѓеоргиев, портпарол на влада.

Третата мерка е за производителите на домати, крставици и пиперки и со неа за 50 отсто се намалуваат количествата кои треба да ги продадат  до 15-ти мај за да добијат дополнителна субвенција од 90 илјади денари.

„Производителите на раноградинарски култури за производството на овие култури добиват по 30 илјади денари по хектар. Но, тие добиваат и дополнителна субвенција од 90 илјади денари по хектар ако производите ги одгледуваат во оранжерии и ако продадат определена количина на домашниот или странскиот пазар во периодот од први јануари до 15 мај.   Оваа количина која тие треба да ја продадат за да добијат дополнителна субвенција од 90 илјади денари по хектар сега се намалува за 50% што исто така е значителна помош и подршка за земјоделците, изјави Ѓеоргиев.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?