Предавање во понеделник: “Како да влезете во Силиконската Долина?“
Објавено во: Мои пари 22 Мај, 2015 13:27
Во понеделник, 25 мај, со почеток во 19 часот, во М6 Едукативниот центар во Скопје, г. Крис Бари, експерт за влез на компании од Европа на пазарот во САД, ќе одржи предавање на тема „Како вашата компанија да влезе во Силиконската долина?“.
Станува збор за еден од најбараните предавачи во Европа изминативе години, експерт кој заедно со својот тим на соработници има поддржано над 1.200 компании, во изминатите 17 години, и на кои им помогнал да го развијат својот бизнис.
Неговото доаѓање во Македонија е дело na напорите и активностите на Њу Менс Бизнис Акцелераторот кој постои 10 месеци и работи на релација Скопје – Лос Анџелес и е прв акцелератор основан во Република Македонија, со цел да им помогне на компаниите од Македонија и регионот да се позиционираат на американскиот пазар.
Како Вашата компанија може да влезе во Силиконската долина? Кој е патот на успехот до американскиот пазар? Ова се само дел од прашањата на кои ќе може да се добијат одговори во понеделник.
Освен предавањето кое е во вечерните часови, г-н Бари вотекот на денот ќе има индивидуални менторски сесии со четири македонски стартапи, кои се дел од Центарот на NewMan`s Business Accelerator, и кои имаат најголем потенцијал за ширење на бизнисот во САД.
“За време на престојот на господин Бари во Македонија ќеразговараме за деталите околу идната соработка и ќе идентификуваме компании од Централна и Источна Европа кои имаат потенцијал за глобаленраст и нивна соодветна поддршка на тој пат“, вели ИренаЧаушевска, директор на „ЊуМенсБизнисАкцелератор“.
Вообичаено, компании надвор од САД кои сакаат да влезат воСиликонската Долина, за остварување на таа цел им се потребни 1-2 години и помеѓу 1 и 2 милиони долари, пришто само 20-30% од таквите успеваат да ја остварат зацртаната цел.
Предавањето е наменето за компании од Централна и ИсточнаЕвропа, стар-ап компании и млади претприемачи, кои планираат да го развијат својот бизнис во САД.
Котизацијата за присуствување на предавањето е 20 евра за уплати до 20 мај, односно 30 евра за уплати до 25 мај 2015.
Њу Менс Бизнис Акцелератор е македонска компанија која овозможува поддршка, тренинг и менторство на основачите на старт-ап и спин-оф компании од целиот регион како и специјализирани обуки за стручно оспособување во 9 различни области преку 3 академии, и тоа за компјутерски науки, креативни технологии, мрежи и сајбер безбедност во рамки на кои досега се одржани преку 2000 часа настава по 80 различни предмети. Њу Менс е лоциран во Скопје на простор од 300 м2 и соработува со 26 тренери и 12 ментори при изведувањето на своите програми. Акцелераторот досега има реализирано и над 40 бесплатни инспиративни и едукативни сесии за професионално насочување на младите од Македонија, на кои имаат присуствувано над 1.800 учесници.
Повеќеинформациина: https://www.facebook.com/events/961326083889249/
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете





