28 Септември, 2024
0.0258

Предизборно распишан тендер вреден 4 милиони евра за изградба на 150 игралишта за баскет

Објавено во: Економија 17 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Агенцијата за млади и спорт објави тендер за изградба на 150 игралишта за баскет, чија изградба ќе чини 254.237.288 денари или 4 милиони и 134 илјади евра. Одлука за овој голем проект на Владата е донесена на седница што се одржала на 12 октомври, односно пред еден месец.

Според известувањето од Агенцијата за млади и спорт, парите за реализација на овој договор се обезбедени од Буџетот за 2016 година.

На тендерот може да се јават странски и домашни фирми, но утврдени се прецизни услови кој економски оператор има шанси да ја „лапне“ милионската зделка.

Која фирма може да го добие тендерот?

За да се квалификува како способен за извршување на договорот фирмата треба да има најмалку 900.000.000,00 милиони денари остварени приходи во последните три финасиски години ( за 2013 година, 2014 и2015 година). Односно за тие три години компанијата треба да има приходи од најмалку од 14 и пол милиони евра.

Понатаму, според јавниот повик, понудувачот треба да има претходно искуство за изградба на вакви спортски објекти и тоа да има веќе реализирани најмалку 3 договори со вредност поголема од 36.000.000,00 денари по договор односно 585 илјади евра по договор.

Понудувачите кои ќе се јават на тендерот треба да имаат и најмалку 150 лица во редовен работен однос.

Фирмата која што ќе биде избрана ќе треба да ги гради игралиштата во рок од еден месец, а за реализација на целиот проект за изградба на 150 игралишта предвиден е рок 4 години.

Овие игралишта, пишува во објавата на тендерот, треба да ги задоволат потребите на локалното население за рекреација, тренинг и евентуално одржување на натпревари од локален карактер.

Отворањето на понудите ќе се изврши на 10 јануари следната година.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, овој проект го најави во јануари веднаш по заминувањето од премиерската функција, значи како лидер на партијата. А, го актуелизираше летоска кога помпезно најави десетици проекти и реформи во спортот.

Инаку, освен игралишта за баскет Агенцијата за млади и спорт во јуни годинава склучи договор вреден 650 илјади евра за изградба на 20 фитнес зони низ Македонија. Бизнисот го доби фирмата Урбано ДООЕЛ од Скопје, која била единствен понудувач на тендерот.

Р.Ф.

фото Република

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија