19 Април, 2024
0.0389

Предлог со предлог се избива - Што носи маневрот на МНР во спорот со Грција?

Објавено во: Анализа 21 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Во македонската јавност подолго време постоеше голема загриженост од последиците кои ќе ги предизвика грчкиот нацрт предлог за конечен договор за спорот за името и многу повеќе информации беа наметнувани преку грчките медиуми кои на широко тврдеа дека имаат најразлични детали од документот со повеќе предлози. 

Сепак, вчерашниот потег на министерот за надворешни работи Никола Димитров за идентично поднесување и на македонски нацрт предлог за решение на името доаѓа како одличен стратешки чекор со кој директно не се врши поткопување на преговорите, но става јасно на знаење до грчката влада дека не може со еднострани потези да се дојде до квалитетно и достоинствено решение.

Што всушност има во самите нацрт предлози на македонската и грчката влада ќе се знае наскоро откако двете страни ќе ги продолжат преговорите, најпрво утре во Скопје откако ќе пристигне грчкиот прв дипломат Никос Коѕијас кој ќе се сретне со македонскиот колега Никола Димитров и државниот врв, а потоа за неколку дена и при средбата со медијаторот Метју Нимиц под покровителство на Обединетите нации.

Димитров истакна и дека токму под „капата“ на ОН може вистински и суштински да продолжат преговорите што преставува добро пивотирање од една навистина деликатна и неповолна позиција за македонската влада за која во јавноста се шпекулираше подолго време дека се наоѓа. 

Ова јасно кажува дека спорот нема да се реши со некаков диктат „take it or leave it“ од Атина, дека компромисот нема да се заоснова само врз било каков грчки нацрт предлог договор со потенцијално максималистички барања за концесии од Македонија, туку врз разумни отстапки од двете страни за долгорочност и одржливост на договорот кој ќе биде постигнат.

Единствена посериозна критика може да се упати до македонските власти што не се доволно вешти во креирање на јавност како што тоа го прави грчката страна која се обидува да ги „нахрани“ како Грците, така и Македонците со безброј информации за спорот за името со постојано изразување на најразлични ставови со што гради една многу негативна атмосфера пред евентуалното решение за кое пред повеќе месеци имаше силен оптимизам, за сега да има страв дека едната стрена само ќе го наметне својот диктат, а другата ќе мора да попушти и да прифати нешто што никој не го посакува. 

Секако, треба да се има и доза на доверба кон македонските институции дека однапред се предвидени и подготвени најразличен сет на дипломатски чекори како последниот со кои преговорите ќе бидат водени на вистински начин без подреденост и безнадежност. 

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!