18 Декември, 2025
0.0554

ПРЕДЛОГ ЗА ОТВОРАЊЕ СТЕЧАЈНА ПОСТАПКА ЗА БЕТОН, што ќе се случува со вработените на компанијата

Објавено во: Економија 26 Септември, 2022 14:42

Добивај вести на Viber

На маките на градежната компанија, некогашен градежен гигант, Бетон им нема крај. 

По објавите на берза дека оваа година е најтешка во историјата на постоењето на компанијата, компанијата се соочи со блокирана сметка, а согласно најновите информации за Бетон е поднесен Предлог за отворање на стечајна постапка

Синдикалните претставници по овој повод за утре најавуваат обраќање до медиумите.

- Во зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија, сала на 6ти кат, на 27.09.2022 година закажана е прес конференција на која свои изјави ќе дадат Претседателот на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија, Иван Пешевски и Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски. Изјавите ќе бидат во врска со поднесувањето на Предлог за отворање на стечајна постапка односно за престанок на работодавачот ДГ БЕТОН АД Скопје.

Фактор изминативе месеци објави неколку текстови кои укажуваат на падот на компанијата. 

Пред краток период Берзата ја става компанијата на листа на набљудување, што треба да биде знак за инвеститорите дека состојбата не е редовна кај таа соодветна компанија и дека очите треба да им бидат широко отворени доколку се решат да инвестираат во таа фирма, односно да купуваат од нејзините хартии од вредност.

„Ве известуваме дека на 31.08.2022 година е донесен заклучок за внесување на издавачот Бетон АД Скопје на „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација. Внесување на друштвото Бетон АД Скопје на „Листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради тоа што друштвото има блокирана сметка“, се вели во соопштението од Берзата.

Претходно градежната компанија, преку ценовно чувствителна информација на Берзата ја информираше инвеститорската јавност дека таа ќе успее да ги исплати сите обврски што ги има кон доверителите, и покрај, како што велат, некоректното однесување на државните институции, но и брзањето на деловните банки да ги наплатат своите кредити.

Бетон во својата објава признава дека оваа 2022 година е несомнено најтешката година од нивното постоење.

„После објавувањето  на загубите од работењето во 2021 година, менаџментот на компанијата подготви план за  санација на компанијата кој беше презентиран пред кредиторите и истиот беше прифатен, со  што финаниските институции ја продолжија соработката со ДГ БЕТОН АД Скопје. Наплатата на  побарувања постари од три години, како и побарувања по основ на позајмици и дадени аванси  во првата половина од 2022 година се зголеми значително. Дополнително, наплатата на  побарувањата во текот на 2021 и почеток на 2022 год од тековните проекти беше редовна, додека старите побарувања од инвеститори беа во дел наплатени (црква Св. Константин и  Елена), а за наплата на останатите сè уште се водат судски постапки и се чека позитивен исход  од истите (ЕВН фасада, Министерство за култура, итн.). Сите овие средства беа наменети за  подмирување на обврските на компанијата. Намалувањето на вкупните обврски спрема  добавувачите споредбено со истиот период претходната година, односно состојба 30.06.2021  споредбено со 30.06.2022 година, е за 330 милиони ден или за 44 отсто. Обврските кон  добавувачите компанијата се поажурно ги подмирува и деновите за отплата на обврските ги намали од 256 во 2019, 186 во 2020, за да дојде до 177 дена во 2021 година“, пишуваат од компанијата.

„Фактор“ исто така објави дека и Народна банка пристапи кон запленување на имот на градежната компанија, станува збор за недоизградениот хотел на градежниот гигант „Бетон“ зад палатата на ВМРО-ДПМНЕ во строгиот центар на Скопје. Во постапката е вклучен извршител и деловна банка-ремитент

Станува збор за заплена на стоотстотниот удел на АД Бетон кој го има во филијалата Бетон Хотели, во која припаѓа и недоизградениот хотел. 

П.О. 

Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?