18 Мај, 2024
0.0348

Предлогот на Заев за двомесечен минималец ги зовре синдикатите: Ниту една земја не намали плати, има и самохрани родители

Објавено во: Економија 23 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Вонредната економска мерка што ја предложи вчера претседателот на СДСМ, Зоран Заев, наредните две плати на поголемиот дел од вработените во јавниот сектор да изнесува колку што е минималната во Македонија предизвика најголема бура од реакции во споредба со останатите кои генерално беа прифатени позитивно.

Вработените во се она што се смета за јавен сектор, јавна администрација на државно и локално ниво ќе земат минимална нето плата од 14.500 денари за месеците април и мај, најави вчера Заев.

„Важно е да се напомене дека оваа мерка не се однесува на вработените лекари и медицинскиот и помошен персонал, полицајците и војниците и тие што работат со нив и околу нив, за помагање за справувањето со Корона вирусот. Во вакви времиња, најповикани сме на солидарност. Подобро да издржиме два месеци, солидарно, на минимална плата, отколку да дозволиме крах на економијата и последици по сите“, напомена меѓудругото лидерот на владеачката партија чии предлози се очекува да се преточат во уредба на техничката влада за време на вонредната состојба.

СОНК, синдикатот на просветарите и научните и културни работници, предводен од Јаким Неделков, објави дека не ја прифаќа оваа, навидум за нив, солидарна мерка, бидејќи како што велат од таму, во ниту една земја од регионот немало кратење на плати. Според синдикатот, особено не е фер кон наставниците и професорите, кои вложуваат напори со алтернативни форми да ја реализираат образовната програма во услови кога нема настава.

„Денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, господинот Зоран Заев, со изнесување на  предлог – мерки за намалување на економската криза и помагање на стопанството, конкретно, за намалување на платите во јавниот сектор за повеќе од 50%, во нашето членство предизвика големо незадоволство, загриженост, несогласување, немир, страв за сопствената егзистенција, егзистенцијата на сопственото семејство. СОНК смета дека оваа мерка е премногу радикална и дека голем дел од вработените ќе ги доведе до работ на егзистенцијата. Ова не сакаме да звучи егоистички, меѓутоа, сметаме дека предложените мерки директно ќе удрат врз работниците, што реално се и најмалку платени во државата. Особено реакциите се жестоки од страна на просветните работници, кои, во интерес на учениците, индиректно и на државата, вложуваат надчовечки напори преку алтернативни форми и методи, во домашни услови, да ја реализираат планираната програма“, се вели во реакцијата на СОНК.

Од таму бараат предлогот упатен до Владата за намалување на платите до висината на минималната плата, односно до 14 500 денари, да се повлече и да се консултураат економските експерти за некоја подобра мерка во овие услови.

„Впрочем, оваа криза не е само во Македонија. Ваква предлог мерка, во држави слични на нашата, каде што има економска криза,  намалување на плати нема ниту во Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Албанија, Косово, Бугарија, Грција“, додаваат од СОНК.

УПОЗ, синдикатот на вработените во државната управа, правосудните органи и здруженија на граѓани, смета дека меѓу вработените во јавниот сектор има самохрани родители кои тешко би го издржале месецот со 14.500 денари. Од таму велат дека својот официјален став ќе го искажат денеска, но дека намалувањето не платите не треба да биде под просечната плата во Македонија.

„Синдикатот на УПОЗ ги поддржува сите мерки за солидарност за надминување на здравствената а посебно економската криза. За таа цел Синдикатот на УПОЗ ќе упати писмо со свој предлози со кои најзагрозените, самохраните родители и сите они кои имаат плата под републичкиот просек, да бидат изземени од овие мерки. Солидарноста треба да покажат побогатите, они со големи примања и свои бизниси и редица други приходи. Само во тој случај ќе можеме да зборуваме за солидарност.“, се вели во коментарот на синдикатот предводен од Пеце Грујовски.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа