Предлогот за уставни измени во Собрание, се чека Џафери да свика седница
Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2018 08:27
Владата иницираше постапка за Предлог за пристапување кон уставни измени, кои веќе се пристигнати во Собранието. И покрај започнувањето на постапката за уставни измени неизвесно е дали ќе има доволен број пратеници (80) за нивно носење или ќе се оди на предвремени парламентарни избори.
За многумина во Македонија, но и за претставниците на ЕУ и НАТО предвремени парламентарни избори не се решение за излез од оваа ситуција која настана по референдумот, кога излезноста беше околу 37 отсто, а опозициските пратеници кажаа дека нема да поддржат уставни измени. Предвремени парламентарни избори за Македонија би значеле уште едно оддолжување на процесот на реформи за влез на земјата во Унијата и членство во НАТО, би имало влијание врз буџетот бидејќи ќе треба да се одвојат средства за нивно одржување, а би можела да се доведе во прашање целокупната изборна постапка имајќи предвид дека се најавува изборен циклус во кратки рокови.
Првичниот рок за распишување на избори што го првично го најави премиерот Зоран Заев беше среда, 10 октомври, но како што велат од владејачките партии тоа би можело да се пролонгира до крајот на неделата. Во понеделник е закажана нова пленарна собраниска седница, која би можела да биде последна во овој состав. Од владејачките партии велат дека разговори со пратениците од опозицијата има, но никој јавно не кажува со колкумина и кои се тие. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, ги отфрлаат овие тврдења велејќи дека пратеничката група е единствена и дека нема да поддржи уставни измени за промена на името. Премиерот Заев во интервју за сервисот на грчки јазик на „Еуроњуз“ повтори дека на Македонија не и се потребни избори и оти избори ќе има само доколку се неопходни и дека во тек се консултации со пратениците.
- На Македонија не и се потребни избори. Македонија сега е на правилен пат. Ќе отвориме едно поглавје во јуни. Ќе имаме наше место на масата на разговори во Брисел и во НАТО со почеток на ратификацијата на протоколот во парламентите на 29 држави членки на НАТО. Од економски аспект, Македонија се наоѓа во одлична ситуација и нема потреба да одиме на избори, освен ако не е потребно. А секако, ако распишеме избори очигледната цел ќе биде 2/3 односно 80 пратеници, вели Заев и објаснува дека, според анализите, во случај на избори владата ќе добие мнозинство.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, вчера во отворено писмо до Заев, меѓу
другото кажа дека јалови се обидите за условување и уцена на пратеници за поддршка на
уставните амандмани. Побара од Заев и власта уште еднаш да размислат.
- Нема друга држава во светот каде премиерот отворено кажува дека нема да ја почитува
волјата на мнозинството граѓани и јавно вели дека поисплатливи му се јаловите обиди за
условување и уцена на пратеници. Тоа нема да помине, посочи Мицкоски.
Мицкоски уште додава дека со отфрлањето на неговиот предлог од неделата, Заев и власта
покажале дека се плашат од слободни, фер и демократски избори.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




