02 Јануари, 2025
0.1603

Предновогодишна донација за Одделот за психофизиологија при Универзитетската клиника за детски болести

Објавено во: Мои пари 30 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Одделот за психофизиологија при Универзитетската клиника за детски болести денеска доби донација од Финмак. Донацијата вклучува новогодишни пакетчиња за сите дечиња кои се третираат на одделот, играчки и материјали за доопремување на капацитетите на одделот. Оваа донација е насочена кон поддршка на грижата на околу 1000 деца кои преку годината имаат потреба од услугите кои се даваат на одделот, особено за околу 30-тина деца со аутизам и други развојни предизвици, кои секојдневно примаат третмани на одделот.

Одделот за психофизиологија е клучен за дијагностика и третман на деца со акутни и хронични болести, а оваа донација ќе помогне во создавање на поддржувачка и пријатна средина за децата како и зајакнување на капацитетите и заложбите на одделот да третира деца со холистички пристап, опфаќајќи ги нивните медицински и психолошки потреби во поддржувачка и емпатична средина.

„Нашата искрена благодарност за оваа донација бидејќи сме сигурни дека не само што ќе донесе радост на децата, туку ќе ги подобри и нивната искуства при третманот. Играчките, подароците и опремата значително ќе ни помогнат да продолжиме со обезбедување на комплетна грижа за дечињата со различни развојни предизвици кои се лекуваат на нашиот оддел.“ – изјави Д-р спец. Реџеп Мемеди, Директор на Универзитетската клиника за детски болести.

„Среќни сме што со нашиот искрен придонес денеска гледаме толку искрени насмевки. Од мое лично име и од името на целиот Финмак тим -  почестени сме што можеме да бидеме дел од една благородна мисија со која заедно создаваме подобра иднина за сите нас, особено за најмладите. Оваа донација е само еден од начините преку кои ја покажуваме нашата одговорност кон општеството и претставува обврска не само за нас, туку за сите чинители во општеството – изјави Дарко Стојановски, главен оперативен директор на Финмак.

пр објава

Можеби ќе ве интересира

Сашо Наумоски во „Бизнис-клуб“: Недостиг од работна сила, пад на ликвидноста и корупција – трите проблеми кои влијаат врз македонската економија

Сашо Наумоски во „Бизнис-клуб“: Недостиг од работна сила, пад на ликвидноста и корупција – трите проблеми кои влијаат врз македонската економија

КОЧО АНЃУШЕВ ЗА ЕКОНОМИСТ-2025: РАБОТИМЕ НА ЕНЕРГЕТСКИ РЕШЕНИЈА КОИ ЌЕ СЕ БАРААТ ПО 5 ГОДИНИ

КОЧО АНЃУШЕВ ЗА ЕКОНОМИСТ-2025: РАБОТИМЕ НА ЕНЕРГЕТСКИ РЕШЕНИЈА КОИ ЌЕ СЕ БАРААТ ПО 5 ГОДИНИ

Новата генерација на Hisense телевизори достапна и кај нас, добитна комбинација и за Hisense и за вас

Новата генерација на Hisense телевизори достапна и кај нас, добитна комбинација и за Hisense и за вас

Како да управувате со вашиот долг?

Како да управувате со вашиот долг?

Божиќни колачи со леснотија: кујни по мерка за слатки празници!

Божиќни колачи со леснотија: кујни по мерка за слатки празници!

ОГНИШТА ОД БРАКО ЗА ВЕЧЕРНИТЕ ЗАБАВИ НА ВИНТЕРФЕСТ ВО ВЕЛЕС

ОГНИШТА ОД БРАКО ЗА ВЕЧЕРНИТЕ ЗАБАВИ НА ВИНТЕРФЕСТ ВО ВЕЛЕС

АНЃУШЕВ И ШАЛЕВ ПРЕДНОВОГОДИШНО СО РАБОТНИЦИТЕ НА БРАКО

АНЃУШЕВ И ШАЛЕВ ПРЕДНОВОГОДИШНО СО РАБОТНИЦИТЕ НА БРАКО

Стопанска банка ќе финансира 11 нови проекти за подобрување на условите во општеството за лицата со попреченост

Стопанска банка ќе финансира 11 нови проекти за подобрување на условите во општеството за лицата со попреченост

Донација од „Астра Казино“ за штитениците од Домот за децата без родителска грижа „11 Oктомври“

Донација од „Астра Казино“ за штитениците од Домот за децата без родителска грижа „11 Oктомври“