Бугарија ја зголеми значително минималната плата, но го врати и ДДВ-то што беше пред Ковидот
Објавено во: Економија 01 Јануари, 2025
Од денеска минималната плата во Бугарија е 1.077 лева или точно 550 евра, но се враќа данокот на додадена вредност кој беше намален како антикризна мерка во Ковидот.
Минималната плата се зголемува за 14,5 отсто. Одлуката беше донесена од Советот на министри минатата година. Се зголемува и прагот на сиромаштија и сега изнесува 326 евра.
Се враќа и стапката на ДДВ од 20 отсто за леб и ресторани, која беше намалена поради пандемијата „Ковид-19“ и остана така неколку години. Неговото враќање предизвика негодување меѓу производителите на леб и сопствениците на ресторани.