Првото бебе во 2025 се роди една минута по полноќ
Објавено во: Македонија 01 Јануари, 2025
Сања Талевски е мајката која прва се породи во новата 2025 година.
Една минута по полноќ, на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје се роди првото бебе во Македонија во новата календарска година.
Станува збор за здраво машко бебе, тешко 3190 грама и долго 50 сантиметри.
Од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје информираат дека бебето и мајката се во добра здравствена состојба.