Предраг Кон вели дека е несреќен поради ситуацијата во Србија
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 18 Март, 2021
Ниту на еден начин не можам да чувствувам задоволство кога се почитува она што е предложено особено што сме сите свесни колку се тие мерки тешки и драстични, го отежнуваат животот и економијата, вели епидемиологот и член на Кризниот штаб д-р Предраг Кон. Тој изјави денеска дека се чувствува несреќно.
Истакнал дека сите мерки биле донесени доцна, но дека биле нужни. Србија според најновите податоци има повеќе од 5.300 заразени со коронавирусот. Во последните 24 часа починале 30 пациенти како резултат на коронавирус, така што вкупниот број на жртви се зголеми на 4.840, објавено е на веб-страницата на Министерството за здравство covid19.rs.18.017 лица се тестирани за коронавирус, а регистрирани се 5.346 случаи. На апарати за дишење се приклучени 222 пациенти, а хоспитализирани се вкупно 5.099 лица.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.