Предупредување од МЕПСО до земјоделците за тековната жетва!
Објавено во: Агробизнис 04 Јули, 2019 12:52
МЕПСО ги предупредува сите земјоделци во екот на тековната жетва да не поминуваат со комбајните под проводниците т.е. јажињата на далекуводите и да ги избегнуваат далекуводните траси.
„Заради тоа што со тоа се изложуваат на ризик и ги загрозуваат сопствените животи како и животите на лицата кои се наоѓаат во нивната околина.
Воедно апелираме до земјоделците во екот на сезоната за наводнување да не поставуваат системи за наводнување во далекуводните траси заради тоа што водата е проводник на електрична енергија и контактот со проводните јажиња го зголемува ризикот од струен удар на лицето кое ракува со системот за наводнување и на други лица кои се наоѓаат во непосредна близина.
Не загрозувајте го сопствениот живот како и животите на сите што се наоѓаат во ваша близина! Воедно не загрозувајте ја доверливоста на електроенергетскиот систем!“, апелираат од МЕПСО.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





