Предупредување: Владите ќе згрешат ако го забранат биткоинот
Објавено во: Финансии 27 Декември, 2017 08:51
Шила Беир, поранешната директорка на Федералната корпорација за осигурување на депозитите на САД, порачува дека владите не треба да го забранат биткоинот како криптовалута, туку само да одредат степен на регулација и правила на пазарите со цел да не се предизвика поголем шок и штети за тие што веќе инвестирале многу пари.

Според Беир, која сега работи како финансиски советник на повеќе корпорации, биткоинот добива на вредност бидејќи корисниците имаат доверба во технологијата која го генерира, а не во владите каде во повеќе држави има политички кризи или несиугурни финансиски системи.
Кога блокчејн технологијата ќе започне да се применува во се повеќе трговски области, во различни трансакции на пазарот и реалната економија тогаш ќе се види вистинската вредност на биткоинот бидејќи тој сега е само идеја и алатка која се користи пред се на темните ќошиња на интернетот каде нема регулации или е потешко да стигне раката на законот и органите на прогонот.
Затоа Беир вели дека е потребна регулација, односно ако веќе се тргува на големите берзи како на пример Меркантилната берза во Чикаго, тогаш ќе се создадат услови за контрола, надзор и креирање механизми за осигурување на самите инвеститорите преку проверки на исплатливоста, изворот на средства, самиот пласман, односно ќе се создаде идентично тргување како и со сите добро регулирани хартии од вредност или вредни стоки и предмети.
Биткоинот, сепак е меур, смета Беир бидејќи за една година нарасна за неверојатни 2000% и кога тогаш може да експлодира при што многумина ќе загубат многу пари. Затоа Беир вели инвеститорите најпрво добро да се информираат, да откријат се што треба да знаат за да ги осигураат вложените пари и да знаат кога да ги употребат стекнатите токени за биткоин.
Исто така вели дека не треба да се презема огромен коцкарски ризик со биткоинот, туку да се почека пазарна стабилизација бидејќи цените како што брзо скокаат, така и брзо паѓаат.
Автор: Христијан Станоевиќ
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција





