ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во овој европски град за празници можно е да има напади
Објавено во: Свет 25 Декември, 2018
По предупредувањата на САД, зајакнати се мерките на безбедност во шпанскиот град, Барселона.
Се работи за предупредувањата на САД за можни терористички напади во вториот по големина град во Шпанија за божиќните и новогодишните празници.
Во предупредувањето на Стејт департментот, кое е упатено на американските државјани во Барселона, им се советува на поголемо внимание во близина на јавниот превоз во населбата Лас Рамбла.
Ла Рамбла, популарна туристичка дестинација, беше мета на нападот на милитантите на исламската држава во август 2017 година, при што загинаа 14 лица. Сепак, Шпанија за разлика од Франција и Германија досега немала многу напади од поголеми размери зад кој стоела Исламска држава.