05 Декември, 2025
0.0289

Предвидувања: Што се случува со цените на храната и златото!

Објавено во: Анализа 27 Декември, 2012 07:45

Добивај вести на Viber

Цените на златото и храната се исклучително значајни за економијата во светот. Овие цени стануваат се позначајни за државите. Впрочем секоја голема економија сака да има добри позиции на полето на ресурсите во светот. Впрочем и во Фактор пишувавме за се поголемото експлотирање на нафта во светот од страна на САД и за поголемото користење на гасот како алтернативен извор на енергија на нафтата. Бидејќи во време на криза зелената енергија се послабо се користи поради субвенциите кои се даваат (а нив ги нема во време на криза) нормално е гасот да е алтернатива на на нафтата, наместо сонцето. Секако во овој микс влегува и златото кое луѓето во основа не може да го користат за ништо, но секогаш во време на криза станува интересна алтернативна инвестиција. Поради голем број на фактори движењето на цените на ваквите типови на стоки многу тешко е да се предвиди, сепак да погледнеме какви се очекувањата за 2013 година: 1.Храна  Изминатава година се покажа како една од најсушните во светот. Токму поради тоа многу е тешко да се предвиди како ќе се движат цените на пченката, пченицата, сојата и останатите култури. Сепак за очекување е оваа година да бидат насадени повеќе култури на поголеми површини. Во случај годината да не биде така сушна, може да се очекува надолен притисок на цените за наредната година. Секако по принципот на зголемена понуда која би дошла од поголемото садење и евентуално подоброто време кое ќе предизвика поголем принос 2.Злато Оваа година два пати стигна до цена од 2.000 долари. Станува јасно и нема никаква дилема дека цената на златото ќе биде детерминирана од економскиот раст генерално. Се поголем број на инвеститори се решаваат да се заштитат од кризата инвестирајќи во злато, преку купување на физичко злато или инвестирање во фондови кои се занимаваат со тргување со злато. Доколку кризата продолжи и светот продолжи со политика на ослабување на националните валути златото може да оди само нагоре 3.Паладиум  Не е толку интересен како златото, но значи многу за економијата. Тоа е поради тоа што се користи во автоиндустријата. Доколку светот се опоравува ќе има зголемена побарувачка за него, а најголем бенефит ќе имаат Русија и Јужна Африка кои ги контролираат најголемите рудници со паладиум. Редакција Фактор

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?