07 Октомври, 2024
0.0392

ПРЕГОВОРИ ЗА К15: Обврска да платат ќе имаат сите фирми што прикажуваат добивка на завршна сметка!?

Објавено во: Економија 15 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Во текот на денешниот ден треба да се знае дали и во каков формат ќе продолжи исплатата на регресот за годишен одмор К15. Сојузот на синдикати на Македонија и Организацијата на работодавачи (ОРМ) денеска ќе ги продолжат преговорите што ги прекинаа минатата недела. Од ОРМ очекуваат да најдат заедничко решение со ССМ. Велат дека ССМ треба да ги има во предвид сите околности во кои се наоѓаат компаниите кои финансиски не можат да ја спроведат исплатата на К15. Доколку не се најде решение работодавачите велат дека одредбата за исплата на К15 ќе важи до декември годинава, а следната година ќе се потпишува нов договор. -Продолжуваме со преговорите, се надевам дека ќе најдеме заедничко решение, бидејќи тоа е во интерес на двете страни затоа што има компании кои реагираат дека тешко им оди со исплатата, но ќе оставиме и можност за оние компании што имаат и подобри финансиски  можности да исплатат и повеќе од она што досега се исплаќа. Ако не најдеме заедничко решение,  тогаш ваквата одредба ќе важи до декември годинава, а од следната година кога му  истекува важноста на договорот, тогаш ќе бараме ново решение. Постојат огромни разлики во финансиската моќ на компаниите, нашите ставови се висината на регресот да се утврдува на гранково ниво или онаму каде што нема услови така да се утврдува,  да се утврди колективниот договор на ниво на работодавач, за да може да се земе во предвид економско-финансиската моќ на компаниите. Сметам дека не може да има злоупотреби  во однос на финансиската состојба на компаниите, бидејќи за компаниите може да се побараат податоци од Централен регистар или од УЈП за финансиската состојба. Ние инсистираме преговарачите во текот на преговорите да ги земат во предвид сите овие околности за да може компанијата која има добри финансиски резултати да го исплати регресот, а оние кои имаат финансиски проблеми и едвај можат да исплатат, да не ги ставиме во неповолна финансиска состојба, вели Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи. Од Граѓанските движења велат дека секое изнаоѓање на модалитети значи и прекинување на исплатата на регресот К15. Од Левичарското движење “Солидарност” велат дека компаниите досега добвиле многу поволности и веќе не треба да се заштедува на грбот на работниците. -Не смее да се дозволи и понатаму да се заштедува на сметка на работниците и треба работодавачите ако имаат одреден проблем со финансиското работење да побараат од државата да нема  инспекции по најмала можна основа кај оние фирми кои имаат сериозен проблем во работењето. Не сметаме дека исплатата на К15 за работодавачите е некое големо оптоварување и го повикуваме претседателот на ССМ Живко Митревски да не става потпис со кој ќе го отстрани правото на работниците да примаат К15, се зависи од него, а не од работодавачите, Митревски треба конечно да има разбирање и за животниот стандард на работниците а не постојано да има разбирање за рентабилноста на функционирање на работдавачите и за Влдата. Ако се спушти обврската за К15 од општ колективен договор на посебен колективен договор на ниво на гранка тоа ќе значи дека работовачите ќе немаат обврска да исплаќаат. Во Македонија работниците се доведени до питачки стап и штом еден работодавач нема обврска да го исплаќа тој обично и не ја прави таа обврска бидејќи не очекува дека работниците ќе го притиснат да тоа го направи, така што тоа практично ќе значи укинување на исплатата а не промена на одреден модатилет, вели Здравко Савески, од Левичарското движење “Солидарност”. Од  Движењето за социјална правда “Ленка”, кое е потписник на Синдикалната повелба, велат дека евентуалното укинување или наоѓање на модалитети за исплата на регресот К15 е кратење на работничките права. -Ова е уште еден начин за кратење на работничките права. Познато ни е дека работодавачите секогаш се трудат да заштедат на трошоците за производство, па така барањето да се укине К-15 е во таа насока. Дури и кога исплатата беше задолжителна, сепак во пракса постоеа многу индикации за злоупотреби од страна на работодавачите.К15 во минатото (до 90титте години) беше еден нормален дел од стандардот на работниците. Потоа, со економската и идеолошка офанзива на неолиберализмот, ова стана „непотребно“ и често се атакуваше на наводната „мрзеливост и непродуктивност“ на работниците и потребата од создавање на „поволна бизнис клима“ за претприемачите. Секое дури и најмало поместување кое оди во корист на работодавачие, а на штета на работниците го сметаме за негативен тренд и за кршење на работничките права, вели Дејан Лутовски од Движењето за социјална правда “Ленка”, кое е потписник на Синдикалната повелба. УПОЗ: Исплатата на К15 да важи и за јавниот сектор Од Управата, Правосудните органи и Здруженијата на граѓани на Република Македонија (УПОЗ), посочуваат дека не само што не смее да се укине исплатата на К15 туку тоа треба да важи и за јавниот сектор. -Ние сме против укинување на исплатата на регресот за годишен одмор К15, тоа е право на работникот. Но сметаме дека приватниот и јавниот сектор треба да бидат рамноправни. Тоа значи дека регресот треба да се исплаќа и во јавниот сектор. Во интерес на работниците е потпишување Општ колективен договор и за јавниот сектор и враќање на регресот за годишен одмор што се исплаќаше до 2005 година – вели претседателот на УПОЗ, Пецо Груевски. Инаку постои посебен Колективен договор за јавен сектор независно од тој на приватниот сектор за кој веќе подолго време се преговара со Владата. Привично укинување на исплатата на К15 побараа од Организацијата на работодавачи, а на барањето се приклучија и стопанските комори, кои пак посочија дека за да ја запазат законската обврска биле принудени да земаат и кредити. Бизнисмените посочија дека сега кога земјава се наоѓа во политичка криза за нив е невозможно да се наметнува обврска за исплата која за фирмите значи дополнителен трошок. Обврската за исплата на годишен регрес за одмор беше укината во 2005 година и по девет години, со последните измени на Општиот колективен договор за приватниот сектор потпишан помеѓу ССМ и Организацијата на работодавачи, обврската за исплата повторно се воведе лани, и е со важност од само две години, што значи дека  по 2015 година, мерката ќе престане да важи, доколку не се направат нови измени. Т.С

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип