ПРЕГОВОРИТЕ ТАПКААТ ВО МЕСТО: Една валута губи
Објавено во: Финансии 12 Октомври, 2017
Преговарачот на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние рече дека во последната рунда преговори не е остварен напредок.
По ова следеше пад на британската фунта. Барние кажа дека не е направен чекор напред.
Фунтата падна за скоро еден цент во однос на доларот, односно за 0.6% и се тргуваше за 1,3145 долари.
Можно е Британија да си замине од ЕУ без договор за трговските договори.
Тоа може да доведе до тарифи за увоз и извоз и до потешкотии во бизнисот.