Прегратки за дечињата кои ќе ги поминат новогодишните празници во болниците
Објавено во: Мои пари 31 Декември, 2013 19:03
На последниот ден од старата година, првата дама Маја Иванова заедно со организаторите на проектот „Прегратка на дар“ и претставници од Иванов школата за млади лидери подарија играчки, сликовници и пакетчиња од Бимилк на децата кои новогодишните празници ќе ги дочекаат во болница.
Дечињата од градинките веќе трета година по ред преку проектот „Прегратка на дар“ ги радуваат своите врсници за новогодишните празници рачно изработувајќи играчки - прегратки со што учат на хуманост, солидарност и емпатија, што е воедно и главната порака на акцијата – „од децата за децата – грам љубов за тон здравје“.„Многу ни е драго што имаме можност да подржиме една навистина благородна акција, која ни ги стоплува срцата и создава темел за едно похумано општество во кој идните генерации ќе растат со духот на солидарноста, подготвени да им помогнат на оние на кои им е најпотребно.“ изјави Иванова.Проектот „Прегратка на дар“ е организиран од интернет медиумот Рингераја со генерално покровителство на Бимилк. Во рамките на акцијата беа направени околу 7.500 играчки кои освен на децата во болниците ќе им бидат доделени и на домовите за деца без родители и други институции кои згрижуваат дечиња. За првпат оваа година дел од играчките беа изложени во Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје каде посетителите можеа да ги видат.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




