28 Април, 2024
0.0297

Прекинат условниот увоз на пченица, продолжуваат препукувањата околу откупот

Објавено во: Агробизнис 02 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Oткупот на пченицата е при крај, a веќе e предадена најголемата количина на годинешното производство, соопштија денеска од Министерството за земјодество, шумарство и водостопанство. Од СДСМ пак тврдат, ова не е точно. Како што денеска соопштија од најголемата опозициска партија СДСМ, тврдењето на министерот за земјоделство Љупчо Димовски дека веќе се откупени 94 проценти од годинешната пченица, се неточни, исто како и тврдењето дека просечната цена е 11 денари. Според анализата на опозицијата, само во Пелагонија повече од половина од годинашниот род стои во вреќи по дворовите и амбарите на земјоделците.

„Ова не е тешко да се провери. Доволно е само министерот Димовски да ги посети пелагониските села и самиот да се увери колку пченица стои неоткупена. Земјоделците знаат дека пченицата ја даваа за најмногу 10 денари за килограм, посебно оние најсиромашните, кои се мачат да обезбедат средства за елементарни потреби, комбајн, струја или вересии по продавниците и земјоделските аптеки“, велат од на СДСМ.

Со слична констатација вчера се јави и опозиционата пратеничка Ленче Николовска која денеска беше демантирана од Министерството за земјодество, шумарство и водостопанство.

„За разлика од исценираните кадри, министерството своите изјави ги темели на прецизните податоци од Државниот инспекторат за земјоделство кој секој ден ги собира податоците директно од самиот терен, и е во постојан контакт и со самите земјоделци и регистрираните окупувачи,“ се тврди во соопштението на ресорното министерство. Николовска изјави дека поради евтиното увозно брашно, препорачаната цена од министерот од 14 денари на мелничарите им беше висока, па тие што откупуваа пченицата ја плаќаа по 9 - 11 денари за килограм. „Голем дел од родот земјоделците продадоа на црно, на трговци од Албанија кои ја плаќаа во кеш по 10 денари. Останатото, околу 50% од пченицата им стои непродадена“ - рече Николовска и ги повика надлежните да излезат на терен, во Битолско-пелагонискиот регион и да се уверат лично во состојбите. Ваквата ситуација со откупот на пченицата како што вели Николовска, е само уште еден доказ за погубната аграрна политика на оваа влада, која веќе станува опасна за домашното производство на храна. Од Министерството пак велат:„Фактот што единствениот дежурно-„компетентен“ во СДСМ за состојбите во македонското земјоделство“ е токму оваа пратеничка самото по себе говори за капацитетот и на СДСМ, и давателот на услугите, во случајов посочената пратеничка.“ Инаку од денеска престана да важи заштитната мерка за условен увоз на пченица. Откако оцени дека пазарот е стабилизиран и дека се надминати сите предизвици кои може да предизвикаат евентуални нарушувања, Владата одлучи да ја укине. До крајот на првата половина од месецов, се очекува да биде укината и мерката за условен увоз на брашно.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?