26 Ноември, 2024
0.0257

ПРЕКУ БАНКИТЕ ЌЕ СЕ ИСПЛАТАТ 70 МИЛИОНИ ЕВРА - од денеска стартува обесштетувањето на Еуростандард

Објавено во: Финансии 15 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Од денеска стартува обесштетувањето на штедачите од Еуростандард банка. Пред банките повторно ќе има редици граѓани, дел од оние што имаат редовни потреби за услугите од банкарското работење, а дел од штедачите, кои ќе ги посетат банките з да си ги подигнат влоговите до 30 илјади евра. 

Во некои банки утрово немаше големи метежи, односно ситуацијата изгледаше редовна, а во други, како што велат нашите читартели, се создале поголеми редици.

Банките веќе ги имаат списоците и кај нив се префрлени парите од Фондот за осигурување депозити, конкретно 68,3 милиони евра, колку што по деталните проверки утврди дека треба да се исплатат стечајниот управник Душко Тодевски. Се очекува обесштетувањето да тече без проблеми. 

Според некои пресметки, излегува дека секој штедач во просек треба да земе по 500 евра. Се разбира, дел имаат и многу поголеми суми, а дел и над 30.000 евра, при што остатокот од својот влог над оваа сума, ќе го побаруваат од стечајната маса.

Како што веќе пишувавме, нема да се исплаќаат депозитите на членовите на Управниот и надзорниот одбор на Еуростандард банка и на нивните роднини од прв степен, оние кои имале привилегирани камати, тие чии парио се докажано заработени од перење пари, а сумата на влогот кој ќе се исплаќа че се намали и за оние штедачи кои имале кредити во банката.

Исплатата ќе се извршува преку Комеријална банка, НЛБ Банка, Стопанска банка АД Скопје и Халкбанк.

Според информацијата од Фондот, во Комерцијална банка ќе бидат обесштетени депонентите чие презиме почнува на буквите А, Б, В, Г и Д, преку НЛБ Банка ќе бидат обесштетени оние чии презимиња почнуваат на буквите Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л и Љ, на депонентите на кои им почнува презимето на М, Н, Њ, О, П и Р ќе се исплаќаат во експозитурите на Стопанска банка АД Скопје на целата територија и депоненетите со презимиња на буквите од С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ и Ш ќе се исплаќаат во експозитурите на Халкбанк.

Од Фондот појаснуваат дека депонентите – самостојни вршители на дејност со личен труд кои во Еуростандард банка АД Скопје во стечај биле регистрирани како ТП (трговци поединци) или адвокат Име Презиме или Извршител Име Презиме или со назив на дејноста, на пример, Месарница, своето обесштетување ќе го подигнат според првата буква од називо. Покрај документ за идентификација (лична карта, пасош) потребно е да се приложи и доказ за регистрација на стопанската дејност (тековна состојба).

Потврдите за сопственост на депозит ќе се издаваат директно во банките – исплатувачи, кога депонентот ќе дојде во банката да го оствари правото на обесштетување. За да се оствари правото на исплата на обесштетувањето, депонентот мора да ја подигне и потпише Потврдата на шалтер во банката исплатувач каде е распределен за подигнување на средствата.

Банките – исплатувачи ќе вршат исплата на средствата само на сопственикот на сметката, односно законскиот застапник, односно старател наведен во Потврдата, со приложување на важечки документи за идентификација.

Полномоштвата, односно овластувањата кои депонентите веќе ги имаат издадено за располагање со средствата на своите полномошници или овластени лица за депозитот, ќе важат и при исплата на обесштетувањето во банките-исплатувачи и нема потреба да издаваат нови полномоштва/овластувања за оваа намена.

„Во случај на спреченост депонентот лично да го оствари своето право на обесштетување, банките – исплатувачи ќе вршат исплата на средствата и на лице овластено врз основа на полномоштво заверено од нотар. Во случај кога сопственикот на депозитот е починато лице, неговите наследници треба да се обратат во Фондот за осигурување на депозити и да приложат документи за идентификација и наследно решение со цел да се спроведе исплатата на обесштетувањето“, објаснуваат од Фондот.

Секој депонент ќе има на располагање 36 месеци, односно три години од денот на почеток на исплатата, за кога ќе биде во можност да го оствари своето право на обесштетување во банките-исплатувачи.

По истекот на овој временски период од три години, депонентите односно нивните наследници кои од различни причини не можеле да го остварат своето право на обесштетување во банките - исплатувачи, исплатата на обесштетување ќе може да ја остварат преку Фондот за осигурување на депозити кој ќе обезбеди обесштетување независно од тоа кога депонентот ќе достави барање за остварување на своето право на обесштетување.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ИНТЕРВЈУ ЛАЗЕ КАМЧЕВ, НЛБ ФОНДОВИ: Инвестициските фондови не се само за богатите, тие нудат опции за секој инвеститор

ИНТЕРВЈУ ЛАЗЕ КАМЧЕВ, НЛБ ФОНДОВИ: Инвестициските фондови не се само за богатите, тие нудат опции за секој инвеститор

НИНА НЕДАНОСКА, ШПАРКАСЕ БАНКА, ЗА ФАКТОР: Се вклучуваме во пласирање на средствата од унгарскиот заем, така ќе градиме долгорочно партнерство со нашите клиенти

НИНА НЕДАНОСКА, ШПАРКАСЕ БАНКА, ЗА ФАКТОР: Се вклучуваме во пласирање на средствата од унгарскиот заем, така ќе градиме долгорочно партнерство со нашите клиенти

БОРБАТА СО СИВАТА ЕКОНОМИЈА КЛУЧНА ЗА ПОГОЛЕМИ ПРИЛИВИ ВО ДРЖАВНАТА КАСА – аналитичарите со забелешки за Буџетот за следната година

БОРБАТА СО СИВАТА ЕКОНОМИЈА КЛУЧНА ЗА ПОГОЛЕМИ ПРИЛИВИ ВО ДРЖАВНАТА КАСА – аналитичарите со забелешки за Буџетот за следната година

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат