18 Декември, 2024
0.0251

Преку глава ви е од цигарите? Можете лесно да ги откажете со овој билен чај

Објавено во: Стил 22 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Многу луѓе прават обиди да ги откажат цигарите, но не можат. Со овој билен чај ќе постигнете успешни резултати

Цигарите се штетни и две мислења нема.

Освен дека ги оштетуваат белите дробови, цигарите имаат штетно влијание врз забите и усната шуплина, врз срцето и кожата.

За откажување од цигарите треба да пиете чај од тегавец.

Билката тегавец е позната по тоа што лекува болно грло, постојана кашлица и други респираторни проблеми.

Во аптеките продаваат сируп од тегавец за деца со кој ја ублажуваат нивната кашлица.

Чај од тегавец се подготвува исклучително лесно.

Во сад ставате 2 лажички исецкан сув тегавец. Потоа преливате со 1 чаша зовриена вода. Го поклопувате садот и го оставате да се запари 10-15 минути. Потоа го цедите и пиете чајот. Ако не ви се допаѓа на вкус, можете да ставите домашен мед. Во текот на денот можете да испиете до 4 шолји чај од тегавец во борбата со цигарите.

Луѓето кои се откажале цигарите на овој начин, пиеле чај и по неколку  денови. Кај некои од нив тоа се случило по 3 или 4 дена.

Кај други траело подолго време 2 или 3 недели, но сите велат дека има позитивен ефект .

Билката тегавец помага при дигестивни нарушувања како гастритис, кога имаме надуена киселост од желудочниот сок; при чир на желудникот; ентероколити; диспепсија и други.

Со свежи листови од тегавец може да лекувате и различни гнојни рани, рани од убод или каснување од инсекти, рани од исекувања.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.