05 Декември, 2025
0.0383

Преку оглас ќе се откупува пченица

Објавено во: Агробизнис 05 Јули, 2018 14:39

Добивај вести на Viber

Откако беше прифатено барањето за интервентен откуп. Агенцијата за стоковни резерви ќе објави оглас за набавка на меркантилна пченица. До 15 август ќе биде отворен јавниот оглас за откуп на 13.000 тони домашна пченица. Распишани се 10 лотови по 100 тони и три лота по 4.000 тони пченица.

По завршување јавниот оглас, мелничарите ќе можат да ја понудат откупената пченица од домашните производители на Агенцијата за стоковни резерви.

– Оваа мерка што произлезе како предлог од досегашните одржани состоноци пред почетокот на жетвата со земјоделците и мелничарите, ќе придонесе за зголемување на откупот на домашна пченица, како и за постигнување повисока откупна цена, велат од Министерството за земјоделство.

Паралелно, Министерството ги разгледува опциите за можни интеrвентни измени на Програмата за директни плаќања 2018, во скалестиот начин на субвенции за поледелските култури, пред се за пченицата.

– Жетвата почна, екипи на МЗШВ ги следат приносите и квалитетот врз основа на што деновиве ќе биде објавена производната цена на пченицата, информира Министерството и додава дека ќе ја исполни оваа обрска не само за пченицата, туку и за останатите земјоделски култури.

Според МЗШВ, откупната цена на јачменот достигна девет денари за килограм.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?