06 Декември, 2025
0.2012

Преку поддршката на релито „EKO Acropolis Rally 2025“, брендот ЕКО на HELLENiQ ENERGY испрати моќна порака за безбедност на патиштата

Објавено во: Мои пари 03 Јули, 2025 15:44

Добивај вести на Viber

Автомобилското рели „EKO Acropolis Rally 2025“ и оваа година повторно беше центар за вистинските адреналински ентузијасти. Во четири региони во Грција, 69 екипи од 31 земја приредија вистинска рели акција и со своите возила поминаа 345 километри. Натпреварувачите возеа по тешки патеки со чакал во Коринт, Централна Грција и Тесалија, сѐ до одржувањето на „EKO Athens Super Special Stage“ во Запеион, нудејќи им на посетителите незаборавни моменти.

EKO, член на HELLENiQ ENERGY водечка компанија во Југоисточна Европа на енергетскиот пазар, даде поддршка на „EKO Acropolis Rally 2025“, со што овој значаен настан го подигна своето реноме и привлече врвни учесници во овој спорт.

Покрај поддршката на овој настан, HELLENiQ ENERGY, преку ЕКО ја истакна својата општествена одговорност преку промовирање на клучните постулати за одговорно учество во сообраќајот. Во рамките на настанот беше промовирана култура на безбедност на патиштата преку новата национална кампања за подигање на свеста. Платформата „EKO Acropolis Rally - Безбедност на патиштата“, е дел од стратегија за корпоративна одговорност, имплементирана во соработка со министерствата за спорт, инфраструктура и транспорт, заштита на граѓаните и грчката полиција.

Во специјално дизајнираниот павилјон на EKO во Запеион, службениците на сообраќајната полиција комуницираа со посетителите, претставија опрема за следење и организираа едукативни активности наменети за деца и за возрасни, поврзани со безбедни практики на возење. Преку главната порака „Забави“,ЕКО Акрополис Рели испрати моќен апел за поголема безбедност на патиштата.

Како дел од групацијата HELLENiQ ENERGY, ОКТА исто така спроведува низа активности за подигнување на свеста за важноста на безбедноста во сообраќајот. Преку платформата „Јас внимавам“ и поддршката за кампањата „Вози одморен“ која се спроведува во партнерство со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и Министерството за внатрешни работи, се реализираат активности кои на иновативен начин информираат, едуцираат и алармираат за поголема одговорност во сообраќајот. Во 2017 година оваа платформа беше прогласена за најдобра национална општествено одговорна практика.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј