Преку STEMployability до зголемени шанси за вработување на студентите по инженерство

Објавено во: Мои пари 01 Март, 2025 07:00
Минатата недела во просториите на Машинскиот факултет Скопје, беше одржан вториот блок обуки од проектот STEMployability. Овој проект има за цел да ја зголеми самодовербата и подготвеноста кај студентите по инженерство за интервјуа за работа, што доведува до повисоки стапки на вработување.
Во текот на оваа програма, планирани се неколку серии дводневни обуки за вкупно 100 учесници од обучувачи од Хрватска и Македонија. Методологијата е инклузивна и прилагодена на различните знаења на студентите, а секој учесник добива електронска форма на книгата „Како да се вработите“ од Гордана Фргачиќ од Хрватска. Преостанатите две дводневни обуки ќе бидат одржани во првата половина од 2025. година. Термините за нив ќе бидат дополнително објавени на сајтот https://stemployability.mk/ .
Крајната цел на проектот е да им се помогне на студентите по инженерство да бидат покомпетентни на пазарот на трудот и да се претстават себеси на што подобар начин.
Учесниците кои се дел од STEMployability за време на обуката самите креираат професионална биографија користејќи го форматот EUROPASS, со цел да имаат готова биографија веднаш после завршувањето на обуката, а сето тоа под водство и насоки од страна на тренерите на обуката.
Покрај тоа, учат како да создадат професионален впечаток во текот на интервјуто за работа, користејќи ги сите сегменти на комуникацијата. Воедно, им се посочува и кои се потенцијалните прашања коишто можат да им бидат поставени за време на интервјуто, и како да успеат во центрите за проценка (Assessment centers).
Следејќи ја визијата Еразмус+ програмата, за поттикнување еколошки и одржлив начин на размислување, на пролет студентите ќе бидат активно ангажирани во создавање позелена површина околу инженерскиот кампус во Скопје.
Зад проектот STEMployability, стојат „Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење“, друштвото за развој на човечки потенцијал и консалтинг „Хоризонт Интернационал“ и хрватската консултантска компанија „Treći Gabrijel d.o.o„.
Проектот е финансиран од страна на Европската Унија.
Сите информации поврзани со проектот можете да ги најдете на https://stemployability.mk/
Можеби ќе ве интересира
ИНТЕРЕС ЗА БАТЕРИИ-СЕ БАРА СПАС ЗА СТРУЈАТА ПРОИЗВЕДЕНА ОД ФОТОВОЛТАИЦИ

Деканите од СИТИ Колеџ: Кај нас студентите прераснуваат во висококвалификувани професионалци

„Лесја Украинка“: Реторика на страв од Будимпешта: Како владата на Орбан ги шири наративите на Кремљ против Украина

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: Д.К. ОД ШТИП ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ ОД 7.441.290 ДЕНАРИ

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денеска изнесува 85,24 евра за мегават час, на МЕМО 82,14 евра за мегават час

„Вкусна средба со dmBio“: Слатки спомени и здрава инспирација за речиси 100 љубители на органската исхрана!

Еко Изложба во Рамстор мол - Пристигнува најзабавната Еко Изложба во градот “Цртај и Награди Добиј”

Samsung ја претставува Bespoke AI Jet Lite – лесна, но моќнаstick правосмукалка

Започна првата ПроКредит бизнис академија – претприемачите ја поминаа првата обука на тема „Интерно претприемништво“
