05 Декември, 2025
0.0984

Прелиминарно распределени 1.200 годишни ЦЕМТ дозволи

Објавено во: Економија 12 Ноември, 2012 16:29

Добивај вести на Viber

Над 80 проценти од домашните транспортни превозници или 1.515 следната година во меѓународниот транспорт ќе користат ЦЕМТ дозволи, ова се резулатите од прелиминарната електронска распределба што ја спроведе денеска Министерството за транспорт и врски.
Годинава првпат ЦЕМТ дозволи се делат само за возила Еуро 5, а наредната година предност ќе се даде  за возилата Еуро 6. Сите возила што се под Еуро 5 стандардите ќе може да  работат во државава или пак да користат билатерални дозволи. Моментно во Македонија има само десетина возила со Еуро 6, но министерот за транспорт и врски МИле Јанакиески очекува нивниот број 0да се зголемува.
- Пред пет-шест години зборувавме за  многу малку возила со Еуро 5, сега зборуваме дека имаме скоро 2.000 такви возила. Од година во година  Еуро 5 возилата ќе се заменуваат со Еуро 6 и добро е да им најавиме на превозниците да знаат  како да ги креираат своите политики односно да вложуваат финансии  во набавка на нови Еуро 6 возила, изјави Јанакиески.
Тој тврди дека нема простор за загриженост кај превозниците  што нема да добијат  ЦЕМТ дозволи бидејќи ресорното Министерство имало интензивни контакти за обезбедување дополнителни квоти дозволи со цел да се овозможи непречен извоз надвор од територијата на државата.
 За 2013 година, псоочи Јанакиески, има акциски план и за обезбедување либерален режим за превозниците и тие од следниот  месец ќе можат да плаќаат патни такси со картички на терминали што за таа цел ќе бидат поставени во Министерството за транспорт и врски.  Се прават напори и за воведување  единствен сертификат за мерење на тежината на камионите во сите држави од регионот, со што ќе се заштедат финансии и време.
Според Билјана Муратовска, генерален секретар на  Асоцијацијата на превозниците МАКАМТРАНС, распределбата на  дозволите е успешна бидејќи покрива 82 проценти од возниот парк.
 - Добро е тоа што  за изминатите седум години голем дел од фирмите научија како треба да работат и да ги задржуваат повеќето од дозволите од претходната  година. Тоа во истовреме значи и дека во Париз добиваме повеќе бонусни дозволи, односно  за две години сме добиле 200 дозволи повеќе, наведе Муратовска.
За поефикасна работа на камионските превозници без  застој на границите, според неа, треба да се зголеми бројот на инспекторите што  било одобрено од Владата.
- Во овие тешки услови заработуваме само  од побрз обрт бидејќи цените на транспортот се ниски и не е допусливо  да чекаме два или три дена на граничните премини и затоа што одредени служби или инспектори  немаат доволно работна рака за да ги покријат сите потреби, изјави Муратовска.
Распределбата на меѓународните дозволи годинава се изврши електронски по седми пат. Во предвидениот рок аплицирале вкупно 589  компании со 1.515 возила од категоријата Еуро 5, од кои за ЦЕМТ дозволи 450, а за поединечни транспортни дозволи  аплицирале сите 598 компании

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември