Премиерот Димитриев упати телеграми со сочувство до Меркел и Медведев
Објавено во: Македонија 20 Декември, 2016 14:38
Премиерот Емил Димитриев ги осуди терористичките акти кои се случија синоќа во Берлин, Анкара и Цирих.
Тој испрати телеграми со сочувство до германската канцеларка, Ангела Меркел и рускиот премиер, Дмитриј Медведев.
„Со длабока вознемиреност и жалење ја примив потресната вест за грозоморното убиство на вашиот амбасадор, неговата екселенција Андреј Карлов, во Анкара. Осудувајќи го овој терористички чин, во овие исклучително тажни моменти за Вас, за граѓаните на Руската Федерација и семејството на амбасадорот Карлов, дозволете ми од името на Владата на Република Македонија и од мое лично име, да Ви упатам изрази на искрено и најдлабоко сочувство, Вам и на семејството на амбасадорот Карлов“- стои во телеграмата упатена до рускиот премиер Медведев.
На Меркел ѝ пиша дека во овие тешки моменти на шокираност и национална жалост, од свое име, од името на македонските граѓани и од името на Владата на Република Македонија упатува изрази на најдлабоко сочувство на неа и на членовите на семејствата на жртвите.
Овој грозоморен напад во Берлин претставува напад врз мирот и слободата во цела Европа и напад врз европските вредности, додава Димитриев. Наведува дека Република Македонија остро спротивставувајќи се на тероризмот активно учествува и ќе продолжи да придонесува во борбата против најголемото зло на денешницата. Тероризмот може и мора да биде победен со заедничка одлучна и бескомпромисна борба, пишува Димитриев во телеграмата до Меркел.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




