Премиерот Заев на отворањето на ЕКСПО на “Дигиталниот Самит на Западен Балкан”
Објавено во: Македонија 18 Април, 2018 16:18
Премиерот Зоран Заев, во придружба на своите гости кои денеска учествуваа во свечената церемонија на отворањето на „Дигиталниот Самит на Западен Балкан“, Претседавачот на Министерскиот Совет на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ, премиерот на Косово Рамуш Харадинај, Заменик претседателката во Владата на Република Албанија Сенида Меси и министерката за економија во Владата на Црна Гора Драгица Секулиќ, беа дел и од отворањето на ЕКСПО, како придружен настан на дводневниот самит.

Премиерот Заев и владините делегации што зедоа учество на самитот, на ЕКСПО се сретнаа со претставниците на домашните, регионалните, интернационалните компании, но и локални старт-ап фирми кои со обој настан добија можност да се претстават пред публиката и да ги презентираат своите можности за понатамошниот дигитален развој, кој е суштински дел од европскиот интегративен процес на земјите од Западен Балкан.

На отворањето на ЕКСПО свои обраќања имаа министерот за транспорт и врски во Владата на РМ, Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски, и Џејмс Макбет Форбес, директор на Друштвото за Германска Интернационална Соработка (ГИЗ) за Македонија и Косово.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




