05 Декември, 2025
0.0295

Преминот кон летно сметање на времето носи здравствени проблеми: Посебно да се внимава во сообраќајот!

Објавено во: Агробизнис 30 Март, 2019 18:46

Добивај вести на Viber

Поместувањето на часовникот за еден час напред, во ноќта кон 31 март, со што се преминува кон летното сметање на времето, долгорочно носи подолго траење на денот во текот на шест месеци од крајот на март до крајот на октомври, а краткорочно значи за еден час пократок сон. 

Меѓутоа, кога се работи за здравствената состојба, најверојано е дека ќе резултира со зголемен број срцеви и мозочни удари, ќе предизвика раст на бројот на автомобилски несреќи и ќе ја намали работната ефикасност. Исто така може да предизвика и здравствени тешкотии и низа штетни последици, потврдиле научнции од универзитетот Колорадо.

-Нашата студија укажува на тоа дека нагли, па и мали промени на ритамот на сон може да имаат штетен ефект, рекол Амнит Санда од Универзитетот во Колорадо, чија студија од болнички податоци открила скок на бројот на срцеви удари за 25 отсто во понеделник, ден после летното сметање на времето.

Саат време, колку што спиеме пократко, е виновен за чувството на ненаспиеност, главоболка, срцево оптеретување, па и поголем број на сообрaќајни незгоди, бидејќи поради ненаспаност концентрацијата е послаба. А еве го и објаснувањето.

Телото има свој ритам и е навикнато да спие одреден број на часови, да се буди во одредено време...Ако тоа му се наруши, тогаш тоа го доживува како стрес. Потребни се неколку дена за да се навикне на нов ритам.


FOTO: PROFIMEDIA

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?