Премиум-вина и музичко шоу на прославата на Св. Трифун во „Стоби“
Објавено во: Мои пари 14 Февруари, 2016 18:58
Со литургија, закројување на лозите и богата музичка програма денес во винаријата „Стоби“ беше одбележан празникот Св. Трифун, заштитникот на виното и на винарите. Голем број претставници од бизнис-секторот, вински витези и советници присуствуваа на целодневната прослава.
Настанот почна со молитва, осветување и закројување на лозите, а продолжи со настапи на популарниот бенд „Љубојна“ и трубачот Џамбо Агушев, диџејот Џон Антонио и гудачкиот секстет на Пламенка Трајковска. Гостите ужуваа во концертите и ги дегустираа новите премиум-вина на „Стоби“ кои беа промовирани во декември минатата година. Станува збор за „Акација“, „Аура“, „Аксиос“, „Аминта“, „Вердо“ и „Веритас“ кои го претставуваат „најдоброто од најдоброто“ создадено од стручниот тим на винаријата.
Бериќетна година беше една од желбите споменати во молитвата кон Св. Трифун. Раководниот тим на „Стоби“ пак посочува дека се надева дека 2016-та година ќе биде исто толку добра колку и ланската.
- Задоволни сме од тоа како се развива нашата приказна и фокусирани сме кон тоа да продолжиме да чекориме по нагорна патека. Минатата година добивме огромен број на препораки и пофалби од вински стручњаци од реномирани медиуми како „Вашингтон пост“, „Волстрит журнал“, од винскиот советник на кралицата Елизабета итн.
Бевме на најстариот вински натпревар во светот кој се одржува во Словенија и се вративме со четири златни медали. Воедно голем чекор нанапред беше и промоцијата на вината од премиум-линијата кои во моментов се наш најсилен адут така што се надеваме дека Св. Трифун ќе продолжи да нè штити и оваа година – вели Ана Јорданова, главен вински уредник во винаријата.
„Стоби“ е модерно конципирана македонска винарија, лоцирана во општина Градско, веднаш до античкиот локалитет Стоби, од каде што го добива и своето име. Произведува повеќе од 15 различни типови на вино од кои дел се продаваат и на европскиот и американскиот пазар.
Севкупниот капацитет на „Стоби“ е 4,5 милиони литри висококвалитетно македонско вино годишно, распределено во 4 категории – премиум, елит, класик и традиционални. Производството се базира исклучиво на сопствените лозови насади, кои се простираат на површина од 600 хектари.
Можеби ќе ве интересира
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“
Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници
Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!





