20 Декември, 2025
0.0419

Преостанаа уште малку апартмани за продажба во станбениот комплекс во Маврово

Објавено во: Мои пари 16 Февруари, 2017 10:22

Добивај вести на Viber

Во еден од најубавите предели во Македонија, се простира Станбениот Комплекс Маврово кој е идеален за сите оние кои сакаат да имаат свој личен простор во кој ќе уживаат со неверојатен поглед на планините, синото езеро и сите убавини што ги нуди природата.

Побрзајте и искористете ја можноста да купите еден од неколкуте преостанати апартмани по најповолни цени и имајте ваше прибежиште каде ќе го поминувате секој викенд, празник, или пак било кој ден од годината кога и да посакате.

“Сопствен стан во Маврово отвора нови можности во досега познатиот концепт на домувањето. Имате дом во совршена природна средина, дом во еколошки чиста околина а сепак блиску до урбаните центри. Сите ги знаеме можностите на Маврово за зимскиот и летниот туризам, за алтернативни спортови и наместо да се плаќа за хотел или за изнајмување на викендица, на овој начин секој може да има свој рај, надвор од градскиот метеж во текот на целата година.” – изјави Александар Смилковски, член на управниот одбор на Пелагонија Гостивар.

Објектот располага со 105 апартмани со квадратура од 30 до 50 м2. Еднособните станови вклучуваат кујна, дневна соба и бања, а останатите вклучуваат дневна соба, спална, бања и кујна. Изложеноста на апартманите во зависност од големината и позиционираноста може да биде кон езерото или кон планината, така што секоја страна и секој агол од комплексот нуди поглед во бескрајот на природната убавина. Целиот објект е направен по највисоки стандарди, енергетски е ефикасен, а има и своја трафостаница. Апартманите се опремени со висококвалитетен ламинатен паркет Кронтекс произведен во Германија и високо квалитетни увозни керамички плочки. Станбениот комплекс има  5 типови на апартмани распоредени на 5 ката. Придржувајќи се кон принципот на комплетна услуга и работејќи по методот на дизајн, изведба и уредување до “клуч на рака”, идните сопственици на овие станови ќе добијат целосно опремен дом со сите неопходни елементи и содржини, освен финалното опремување на домот со мебел.

За повеќе информации посетете ја веб страната на комплексот www.stanovimavrovo.mk, фејсбук страната https://www.facebook.com/stanbenkompleksMavrovo/ или пак контактирајте го тимот за продажба на 078 30 30 59.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии