ПРЕПОЛНИ БОЛНИЦИ: Бугарија не може да се бори со заразата
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 17 Март, 2021
Бугарија не може да се справи со заразата.
Бугарските болници и служби за брза помош се на работ на издржливост поради наглото зголемување на бројот на заразени. На многу места, болниците се реорганизираат за да се создадат повеќе одделенија за пациенти со коронавирус. Бугарија се бори со третиот бран на пандемијата по олеснувањето на рестриктивните мерки на 1 март.
„Не можеме да се справиме со оваа масовна зараза“, изјави портпаролот на службите за брза помош Катја Сунгарска во Софија.
За 24 часа се пријавени 4.374 нови случаи, наспроти 3.502 минатата среда. Од почетокот на пандемијата во земјата од Ковид-19 починале 11.500 луѓе, од кои 107 само вчера. Областите најпогодени од пандемијата се градот Софија и регионот Бургас на Црното Море.
Во регионот, секаде расте бројот на заразени и починати. Алармантно е во Србија и Црна Гора, а во Сараево во БиХ е најголемо жариште во Европа.foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.