ПРЕПОРАКА: Хронично болните и трудниците да не одат на работа
Објавено во: Македонија 09 Јануари, 2017 09:41
Денеска и утре се препорачува болните и бремените жени да не одат на работа.
Оваа мерка е со цел заштита на нивното здравје. Министерството за здравство и Комисијата за превенција од студени бранови препорачува во следните два дена да се ослободат од работни обврски бремените жени и хронично болните лица над 60-години.
„Препораките се за целата територија, меѓутоа со посебен акцент на овие Осоговско-малешевскиот и на Полошкиот регион. Работниците кои што работат на отворено треба да се внимава работните обврски да ги практикуваат од 10 до 16 часот со повремени паузи на секои два часа по половина час во топла просторија и со топли напитоци се со цел заштита на нивното здравје“ - вели државниот советник за здравствена заштита, Јованка Костовска на прес-конференцијата на Управувачкиот комитет за справување со кризи.
Таа додаде дека Комисијата за превенција од студени бранови ќе продолжи да ја следи состојбата и дека од среда се очекува благ пораст на температурите.
Температурите денеска ќе се движат од -13 до -3 степени.
Попладне има услови за провејување на слаб снег.
И утре ќе има врнежи од снег кои можат да предизвикаат проблеми.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




