20 Декември, 2025
0.0577

Препораки за воздухот: Скопјани да седат дома, нема проветрување и греење на нафта и дрва

Објавено во: Мои пари 14 Декември, 2013 12:47

Добивај вести на Viber

Со препораки и предупредувања за граѓаните, градот Скопје ќе се справува со нарушениот квалитет на воздухот. Како што се наведува во соопштението од Градот, препораките даѓаат поради надминувањето на граничните вредности за партикуларните честички во воздухот помали од 10 микрометри (РМ10), а како  резултат на загадувањето и временска состојба во Скопската котлина. Притоа граѓаните се повикуваат да се  движат на отворен простор само кога е неопходно, додека малите деца, бремените жени, болните и постарите да не излегуваат на улица и да не ги проветруваат просториите. Во препораките стои граѓаните да не користат уреди за затоплување на просториите и за готвење на фосилни горива, да се одложат сите активности со корозивни хемикалии, лепаци, бои, лакови или пестициди, но и да не се користат автомобили без потреба. „Се повикуваат граѓаните при затоплување на своите домови, да не користат недефинирани горива и отпадни материи од различни технолошки процеси, отпадно масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, пластична амбалажа, гума или синтетички материјали, возачите на тешките товарни возила да ја почитуваат сообраќајната сигнализација за движење низ градот, во спротивно подлежат на ригорозни санкции, а сопствениците и корисниците на камионите да не ги користат доколку немаат регуларно испуштање на отпадните гасови“, се додава во соопштението, а се повикуват и раководителите на градилиштата пред пуштање на камионите од градилиштето задолжително да организираат миење на гумите и да имаат церада при превоз на градежен ископ. Оние фирми пак кои поседуваат дозволи за дотур на роба од Секторот за сообраќај на Градот,  се известуваат дека тие се менуваат и ќе важат во периодот после 18 часот во текот на денот, освен за дистрибуцијата на леб и непастеризирано млеко. Ваквите препораки се во согласност со известувањата од Министерството за животна средина и просторно планирање и Одлуката за алармантни состојби на квалитетот на воздухот на подрачјето на градот, стои во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии