Препукувањата продолжуваат: СДСМ со доказ дека Груевски излажал за градинките
Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2016
Продолжува препукувањето на двете најголеми партии за градинките, односно дали тие се предвидени со буџетот за 2017-та и дали ќе бидат изградени во следните години, како што тврди владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ сега тврди дека Никола Груевски е фатен во лага за градинките.
- Во Буџетот за 2017-та година што сакаат да го донесат, како што може да се види од документот во прилог, не се предвидени 25 милиони евра за 140 градинки како што лажеше Никола Груевски. Во ставката за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита како што може да се види, стои сума од само 1 милион и 290 илјади евра за три години, обвинија од СДСМ.
Обвинетиот Груевски за криминалниот проект Скопје 2014 фрли 667 милиони евра што изеде 4.446 градинки, повторија од опозициската партија.