16 Јуни, 2019
0.0160

ПРЕСИЛЕН ПРИТИСОК: Зошто Кина отстапува од стратегијата Made in China 2025 ?

Објавено во: Анализа 27 Јуни, 2018

Во текот на последните 3 години, владата во Кина со голема надеж зборуваше и ја нагласи стратегијата за национален економски развој на земјата Made in China 2025 година. Програмата за првпат беше презентирана од премиерот Ли Кечијанг во мај 2015 година и досега во неа се вложени милијарди долари. И покрај големите инвестиции, Пекинг почнува да се одвраќа од планот од големи размери, кој е пресретнат од острата критика од САД и Европската унија (ЕУ).

Како дојде до ситуацијата

Растечките трговски тензии меѓу Кина и САД, како и предупредувањето на американскиот претседател Доналд Трамп пред неколку денови за воведување на нови давачки врз кинески стоки во вредност од над 450 милијарди долари, се меѓу факторите кои имаат влијание за слабеењето на амбициите на Пекинг за Made in China 2025. Не се исклучува варијантата владата да прекине со државните субвенции за спроведувањето на стратегијата, чија цел е трансформација на Кина во водечки производител во голем број сектори.

Администрацијата на Трамп гп разгледува воведувањето на прописи кои ќе им забранат на компании со над 25% кинеска сопственост да стекнуваат американски компании со "индустриско значајни технологии", коментира американски сенатор.

Дипломатот, кој посакал анонимност, коментира за Reuters дека на последните преговори на дипломатско ниво меѓу Пекинг и Вашингтон кинезите признале за слабиот фокус на Владата кон Made in China 2025. Според него било грешка кинеските власти да ја даваат програмата во јавност, бидејќи тоа го зголемило притисокот врз нив.

Позицијата на кинеските медиуми

Кинеската државна агенција Ксинхуа често објавува статии со детални информации за Made in China 2025, но од 5 јуни стратегијата не е спомната во медиумите.

Кинескиот таблоид "Глобал тајмс" објави една статија во неделата, во која се наведува дека владата е "премногу уверена" во кинеската технологија.

"Постои потреба да се биде претпазлив во однос на стекнувањето доверба на граѓаните, инаку ќе има негативни последици - внатрешни и надворешни", пишува тој медиум.

Кина се уште е дефинирана како земја во развој, иако е втора по големина економија во светот. Затоа се чини дека ја следи максималната вредност на поранешниот долгогодишен лидер на државата Денг Ксијаопинг - "Чувајте ја вашата сила, почекајте го своето време", сумира Глобал тајмс.

Силно противење на големата стратегија

Made in China  2025 обезбедува засилено производство во авијациската индустрија, роботиката и чиста енергија. Националната стратегија е во основата на амбициите на претседателот на Кина земјата да се претвори во најголемата економија до 2050 година.

Програмата сретна отпор од ЕУ, САД и голем број познати личности, вклучувајќи го Питер Наваро, советник на Трамп за трговската политика. Наваро е автор на книгата Death by China, која раскажува за непријателските трговски практики на Кина и заканата пред САД да не остане водечка светска економија.

Последните воведени царини од Вашингтон на кинески стоки во вредност од 50 милијарди долари, кои ќе стапат во сила од 6 јули, се насочени токму против производството за спроведувањето на Made in China 2025.

Една од целите на програмата е кинеските снабдувачи да контролираат 70% од пазарот во клучните индустрии до 2025 година. Друга основна цел е 40% од чипови за смартфони во Кина да се произведени од локални компании.

Можеби ќе ве интересира

Салиу: Класична метла во ДУИ по бомбите на Ел Чека

Салиу: Класична метла во ДУИ по бомбите на Ел Чека

Ќе лееме ли крокодилски солзи со Преспански договор во рацете?

Ќе лееме ли крокодилски солзи со Преспански договор во рацете?