21 Јануари, 2025
0.0274

Престижниот „Вог“ воодушевен од Охрид - Сликата од Св.Канео се најде и во магазинот

Објавено во: Македонија 18 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Угледниот моден магазин „Вог“ во најновата едиција за посета на шест балкански дестинации го издвои Охрид како најзначаен, а препознатливата сцена од црквата Св.Јован Канео вградена во карпа покрај езерото се најде и во самиот натпис. 

– Добредојдовте во Охрид, Македонија, крајно совршен град, полн со шарм на Стариот свет, поставен на брегот на брилијантното Охридско Езеро. Ова светско наследство на УНЕСКО се наоѓа на крстосница, меѓу три национални паркови, привлекувајќи туристи, планинари, алпинисти и луѓе кои бараат одмор. Локалните жители тука шетаат по каменеста пешачка патека, а кануа лебдат во езерските води кои осцилираат. Охрид е и идеално место за уживање во македонската успешна сеозна на виното, пишува Вог.

Посетете го, додава, најфотографираното обележје на Охрид, црквата Свети Јован Канео, видете го градот од врвот на Самоиловата тврдина.

– Прошетајте го Стариот град, поминете покрај куќите украсени со бугенвилија, саксии и бршлен, додека не стигнете до плажата Канео, дом на семејниот ресторан „Кај Каневче“. Завршете го денот со вечер во „Џез Ин“, ноќен клуб кој нуди жива свирка и каде што се состануваат локалните жители, стои во статијата.

За панорамаско разгледување, Вог ја сугерира турата преку Галичица до Преспанско Езеро, но го препорачува и ноќното возење со бродче до ресторанот „Острово“ во близина на реката Дрим и манастирот Свети Наум.

Престојувајте во еден од капацитетите, порачува авторот на текстот, наведувајќи ги хотелот Тино и вилите Света Софија и Мал Свети Климент.

Меѓу балкансите дестинациите што ги препорачува Вог како нетуристички, се и Призрен, Белград, Трансилванија, Химара, Херцеговскиот регион.


Можеби ќе ве интересира

Ресторан Аntica со тага се прости од Бојан

Ресторан Аntica со тага се прости од Бојан

МИЦКОСКИ ОД ВАШИНГТОН: Лобираме за македонските интереси

МИЦКОСКИ ОД ВАШИНГТОН: Лобираме за македонските интереси

На 66-годишна возраст почина прим. д-р Мирјана Петровска, специјалист по анестезиологија со реаниматологија во Клиничката болница ,,Аџибадем Систина“

На 66-годишна возраст почина прим. д-р Мирјана Петровска, специјалист по анестезиологија со реаниматологија во Клиничката болница ,,Аџибадем Систина“

ТАРАВАРИ ОД ВАШИНГТОН:„Најголемите светски лидери се собрани овде“

ТАРАВАРИ ОД ВАШИНГТОН:„Најголемите светски лидери се собрани овде“

ПАЛЕВСКИ ПОДНЕСЕ ПРИГОВОР ЗА ЛИСТАТА НА ДОКАЗИ: Три дена пред убиството, обвинетите со автомобилот на Панче поминале кај зградата на Вања

ПАЛЕВСКИ ПОДНЕСЕ ПРИГОВОР ЗА ЛИСТАТА НА ДОКАЗИ: Три дена пред убиството, обвинетите со автомобилот на Панче поминале кај зградата на Вања

Првиот училишен ден во 2025 во Скопје заврши неславно, децата пуштени дома

Првиот училишен ден во 2025 во Скопје заврши неславно, децата пуштени дома

Мицкоски во Вашингтон се сретна со Такер Карлсон, кој правеше интервјуа со Путин и Лавров

Мицкоски во Вашингтон се сретна со Такер Карлсон, кој правеше интервјуа со Путин и Лавров

„ЗЕМААТ ПАРИ ЗА АМОРТИЗАЦИИ, ЗА ПАТАРИНИ, КАКО ДА ВОЗАТ НА КЕРОЗИН“: Левица бара нова измена на Законот за пратеници

„ЗЕМААТ ПАРИ ЗА АМОРТИЗАЦИИ, ЗА ПАТАРИНИ, КАКО ДА ВОЗАТ НА КЕРОЗИН“: Левица бара нова измена на Законот за пратеници

ЗА ГРУБИ, ЗА МИЈАЛКОВ, ЗА ДРИН МЕХМЕТИ...Еве што вели обвинителот Коцевски

ЗА ГРУБИ, ЗА МИЈАЛКОВ, ЗА ДРИН МЕХМЕТИ...Еве што вели обвинителот Коцевски