Пресврт: Русија прави повеќе пари од зеленчук, отколку од оружје
Објавено во: Агробизнис
07 Септември, 2016 07:30
Добивај вести на Viber
Кој би рекол дека Русија максимално ќе ги искористи санкциите воведени од САД и ЕУ и ќе направи целосен пресврт во земјоделието, производството на храна и извозот кој сега ја надмина и воената индустрија. Токму санкциите за храната ги натераа руските власти да го развијат агро-бизнисот и обработуваат повеќе земја.
Извозот на овошје и зеленчук за прв пат оваа година на Русија и донесе повеќе пари отколку продажбата на оружје во воените конфликти како и на странски влади. Бројките ги потврдуваат и американските власти кои направиле проценка дека годинава Русија ќе продаде повеќе жито отколку земјите од ЕУ, а тој раст ќе се зголемува за 15% и во наредната година.
Ослабувањето на рубљата придонесе и за пад на цените на домашните производи кои на пазарите во Русија станаа многу поевтини и конкурентни во однос на увезените што им донесе повеќе приходи на земјоделците и трговците. Жетвата оваа година на жито во Русија ќе изнесува неверојатни 110 милиони тони.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?