Претепани две момчиња со шипки и боксирачи
Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2016
Поголема група претепала две момчиња во Скопје.
Тепачката се случила околу 23 часот на крстосницата од ул.„10“ и ул.„40“, при што 20-годишниот Б.С. и 18-годишниот Б.Ф. без повод и причина, физички биле нападнати од Б.А. и С.А. од село Визбегово и уште 10-15 непознати лица, кои биле со метални шипки и боксирачи. Од тепањето Б.С. се здобил со тешки телесни повреди и не е контактибилен, а Б.Ф. се здобил со телесни повреди.
Повредените се задржани на понатамошно лекување во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.