15 Декември, 2025
0.0380

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА В ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ ГО ПРЕДЛОЖИ КАНДИДАТОТ ЗА ГУВЕРНЕР: Што доколку во рокот не се избере прв човек на Народната банка?

Објавено во: Економија 16 Мај, 2025 14:06

Добивај вести на Viber

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во синоќешното гостување на ТВ Телма изјави дека во понеделник сабајле до Собранието ќе го достави нејзиниот предлог за гувернер на Народната банка.

„Јас имам обврска да предложам кандидат или кандидатка за гувернер. Значи јас треба да предложам, има неколку кандидати и сите имаме некого кого преферираме, особено јас“, изјави Сиљановска Давкова и додаде:

 „Бидејќи не сме постигнале уште консензус, нас ни останува, седница има закажано за вторник. Значи, ќе поднесам в понеделник наутро”, рече таа.

За предлогот ќе треба да се гласа во вторник и за да се изгласа предлогот треба да гласаат 61 пратеник. 

Според Законот за Народна банка, доколку не се изгласа предлогот доставен од претседателот на државата до Собранието, актуелниот гувернер продолжува со извршување на функцијата, се до изборот на новиот гувернер.

„Во смисла на член 55 став 3 од Законот за Народната банка, член на Советот на кој му истекол мандатот, до именување на нов член, ги има истите овластувања и ги извршува истите задачи утврдени со закон.Ова одредба се однесува и на гувернерот на Народната банка“, се вели во законскиот текст. 

Оваа одредба е внесена во Законот за Народна банка во мај минатата година на препорака на ММФ, сè со цел, да се одржи континуитет во работењето на институцијата во случај да до истекот на мандатот не се избере нов гувернер.

Како најсериозни кандидати за позицијата, во јавноста се лиферуваат имињата на актуелната гувернерка Анита Ангеловска - Бежоска, екс министрите за финансии Зоран Ставревски и Трајко Славески, како и екс вицегувернерката Маја Кадиевска-Војновиќ.


Можеби ќе ве интересира

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите