06 Октомври, 2024
0.0270

Претседателот Иванов ги „испердаши“ Euronews за провокацијата со FYROM

Објавено во: Македонија 02 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Македонскиот претседател Иванов одбил да даде интервју за каналот Euronews бидејќи два дена била користена кратенката FYROM во најавата која се вртела на социјалните мрежи. Неговиот кабинет упатил забелешка до Euronews да не ја користат кратенката во таа форма бидејќи тоа е навредливо за Македонија и македонскиот народ и дека претседателот нема да даде интервју под такви услови иако претходно имале договор. 

„Ве известуваме дека македонскиот претседател Иванов го откажува закажаното интервју за Вашиот медиум. Крајно неприфатлива е Вашата употреба на кратенката FYROM во ословувањето на нашата земја, Република Македонија.

Длабоко жалиме што, и покрај покажаната добра волја за соработка од наша страна, не беше прифатено барањето за отстранување на кратенката FYROM при промоцијата на интервјуто на социјалните мрежи, и не беше уважено барањето да се придржувате до уставното име на нашата земја, Република Македонија и до придавките изведени од уставното име на нашата земја – Република Македонија.

Сметаме дека употребата на кратенката FYROM е директна навреда за граѓаните на Република Македонија. Таа кратенка, како што претходно ви укажавме, никаде не се употребува, вклучувајќи го и регистерот на ОН и ви посочивме дека FYROM не е име во ОН, туку референца која никогаш не се користи како кратенка.

Сметавме дека 2 дена се повеќе од доволно разумен рок да ја исправите Вашата груба грешка и како што побаравме, во најмала рака да испратите извинување до граѓаните на Република Македонија.

Ви изразуваме благодарност за искажаниот интерес за интервју со македонскиот претседател Иванов, кое поради наведените причини, нема да го реализираме.“ – стои во писмото кое Кабинетот на Иванов го испратил до EuroNews.


Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил