Претседателот Иванов неколку часа го блокираше сообраќајот меѓу Србија и Македонија
Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2016
Граѓаните на социјалните мрежи се пожалија дека биле заглавени на автопатот Ниш-Скопје неколку часа бидејќи сообраќајот бил целосно блокиран за да пројде поворката во која се наоѓа претседателот Иванов кој се враќаше од Белград.
Голем застој имало и на границата меѓу Србија и Македонија чекајќи претседателот целосно да го помине испразнетиот автопат. Ваквиот режим бил воведен од српската полиција по барање на македонските власти поради безбедносни причини.
Автопатот бил блокиран во правец кон Македонија, а патот кај Грделичка клисура бил блокиран во двата правци и кон Белград и кон Скопје. Сега состојбата на автопатот и границата е нормализирана.