05 Декември, 2025
0.0533

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СТОПАНСКА КОМОРА БРАНКО АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КАРПОШ СОТИР ЛУКРОВСКИ

Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2025 09:39

Добивај вести на Viber

Прва работна средба на претседателот на Стопанска комора Бранко Азески со новиот градоначалник на општина Карпош Сотир Лукровски, во просториите на општината. На средбата, ќе се разговара приоритетно за економските потенцијали на општината и улогата на бизнис секторот во развојот на оваа урбана скопска општина.

Општина Карпош која има развиена соодветна сообраќајна патна инфраструктура, согласно потенцијалот за развој на локалната самоуправа,има можности за идни инвестициски активности кои исто така ќе бидат предмет на разговор на работната средба, што треба да и даде можност на оваа општина да се претстави како атрактивна бизнис дестинација за деловните субјекти во насока на поттик за поголем економски раст.  Предмет на интерес се и другите теми значајни за бизнисот и општината, а кои Стопанската комора ги поддржува кога одат во правец на остварување на повисок процент на економски раст, владеење на принципите на пазарната економија, јакнење на децентрализацијата.

Согласно стратегиските документи на општината, потенцијал за развој постои во насока на поттикнување на растот на постојната стопанска структура, побрза изградба на урбанизираните локации, поголемата искористеност на туристичкиот потенцијал. Потребите за инвестиции се однесуваат на подобрување на инфраструктурата и бизнис средината, поттикнување и поддршка на економските активности на приватниот сектор и градење на капацитетот на човечки ресурси  за вработување, водење бизнис општински проекти. 

Во Општина Карпош бројот на активни деловни субјекти во 2021 година е околу 4.500, доминантно во трговијата на големо и мало, а евидентирани се и над 600 компании од преработувачка индустрија и градежништвото, што ја отсликува структурата на стопанскиот развој.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат