05 Декември, 2025
0.0294

Претставници од МЗШВ на средба со производителите на праски и откупувачите

Објавено во: Агробизнис 15 Јуни, 2019 16:58

Добивај вести на Viber

Претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Државниот инспекторат за земјоделство и Државната фитосанитарна лабораторија денеска во Росоман имаа работна средба со градоначалникот на општината Бранко Јанев. На средбата присуствуваа и претставници од компаниите извозници на праски и производители на праски, а се разговараше за состојбата со откупот, цената и извозот на праски.

Според информациите од терен, на средбата беше констатирано дека извозот се одвива непречно и праските се извезуваат во Русија, Иран, Белорусија, Косово. Воедно на средбата беа презентирани  предлози за подобрување на соработката помеѓу производителите и откупувачите и договорена е средба во поширок состав, на којашто од страна на производителите ќе се претстават предлозите за партнерство помеѓу нив и откупувачите.

Во меѓувреме инспекторите од ДИЗ се постојано на терен за да се следи откупот и да не се манипулира со откупната цена и со белешките што им се издаваат на овоштарите  при откупот. ДФЛ работи со доволен капацитет за извршување на редовните анализи кои се  потребни за непречен извоз. 

Следната недела  МЗШВ ќе има средба и со компаниите од индустријата за да се договори откупот на праски за преработка, а  ќе продолжи комуникацијата со земјоделците и откупувачите, со цел да има поблиска соработка, што ќе резултира со откуп на целокупната произведена количина на праски. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?