ПРЕТСТАВНИК НА БРИТАНСКАТА АРМИЈА: Уште вечерва ќе се бориме против руските колеги ако Путин нападне некоја источноевропска земја
Објавено во: Свет 21 Ноември, 2024
Висок началник на британската армија, Роб Магован им порача на пратениците дека британската армија „ќе се бори вечерва“ ако биде побарано во услови на зголемени тензии со Русија.
„Британските вооружени сили ќе бидат подготвени да се борат против нивните руски колеги „вечерва“ доколку рускиот претседател Владимир Путин нападне друга источноевропска земја“, изјави висок началник на војската на Велика Британија.
Пратениците го прашаа Магован во четвртокот колку британски бригади би можеле да стигнат до источното крило на НАТО во случај на голема ескалација од страна на Русија.
„Ако од британската армија беше побарано да се бори вечерва, таа ќе се бори вечерва“, изјави Роб Магован, заменик-началникот на британскиот одбранбен штаб, пред комисијата за одбрана на Долниот дом.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изнесе вознемирувачки тврдења за новата американска ракетна одбранбена база во Полска. Според неа, оваа база претставува „очигледен потенцијал“ за ослабување на Русија и таа е додадена на листата на можни цели за руските сили. Руската инвазија на Украина трае скоро три години.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.